Деца-пливачи собираат донации за да ја претставуваат Македонија на Светско првенство

Четворица пливачи и нивниот тренер преку донации се обидуваат да стигнат до Јапонија за да ја претставуваат Македонија на Светско првенство во пливање. Блокираната сметка на Националната пливачка федерација ги остави децата да бараат пари од фирми и граѓани, за да може да ги платат трошоците за превоз и сместување. Во Јапонија треба да бидат од 16 до 31 јули. Тимот за Светско првенство е составен од Миа Блажевска-Еминова, Ева Петровска, Никола Ѓуретановиќ, Андреј Стојановски и тренерот Илија Стојановски.

Донациите ги собира невладината организација „Куќа на среќата“. Оттаму велат дека Владата, агенцијата за млади и спорт знаат за оваа состојба и ги држат во неизвесност децата.

„Додека овие деца се надеваат дека некогаш ќе добијат позитивен одговор, цените на авионските билети од ден на ден се се поскапи. Толку ли Агенција за млади и не може да ги купи билетите? За што е всушност оваа агенција, ако нашата спортска иднина треба да собира донации за да ја претставуваат Македонија? Влада на Република Северна Македонија нели поддржува млади таленти: Овие деца се нашите таленти, деца кои го менуваат светот, деца кои пливањето им е се, деца за кои институциите немаат слух, немаат средства да им го обезбедат нивното учество во светското првенство, деца кои заедно со нивните родители и клубови се оставени сами на себе да се снајдат како знаат и умеат доколку сакаат да ја преставуваат нашата земја на светското првенство во пливање, да го веат македонското знаме“, велат од организацијата „Куќа на среќата“.

Националната пливачка федерација има стари долгови кон Светската пливачка федерација (ФИНА). Поради проблеми со кои се соочува нашата федерација повеќе од десет години, ФИНА одлучи оваа година да не ги покрива трошоците на нашите пливачи за учество на истото.

„Учеството на Светското првенство е еден од неопходните услови за учество на Олимписките игри, па затоа ова натпреварување е од круционално значење за овие деца и нивната кариера која е во подем. Потребни се најмалку 10.000-15.000 евра за авионските карти, кои зависат од тоа кога ќе се купат. И сместувањето треба да го платат и е дополнителен трошок за кој исто немаат пари. Здружението ‘Куќа на среќата’ ги повикува сите општествено одговорни компании да се приклучат и да бидат дел од ова светско првенство. Бидете поддршка на овие деца, бидете нивните спонзори“, додаваат од невладината организација

Сите вие кои сакаат да донираат, тоа можете да го направат на следнава жиро сметка:

Здружение на граѓани Куќа на среќата 200003824125567 – Стопанска банка АД Скопје
IBAN MK07200003825028637 SWIFT код: STOBMK2X

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Останати спортови

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more
 

Спорт

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе