Дени Девито и Мајкл Китон во новиот трејлер за Dumbo
Мајкл Китон се појавува во улогата на харизматичен бизнисмен во новиот трејлер за „Dumbo“, новата долгометражна адаптација на Disney. Покрај него е и Дени Девито, кој го глуми сопственикот на циркусот каде се раѓа омиленото слонче на публиката.
„Направи тие уши да исчезнат“, му наредува Макс Медичи (Дени Девито) на циркузантот Холт Фариер (Колин Фарел). Малото слонче Дамбо пред себе има многу предизвици, но изгледа подготвено да ги совлада сите до еден.
Премиерата на „Dumbo“ е закажана за 29 март оваа година.