Деспотовски: Време е да се вратиме на победничките патеки

Филип Здравески
/ 18.03.2024 / 14:51

Младата репрезентација на Македонија денеска ги започнува подготовките за двата квалификациски натпревари за пласман на ЕУРО 2025, кои ќе ги одигра на домашен терен против Гибралтар и Шведска.

Македонија У21 на селекторот Драги Канатларовски прво в четврток на 21 март ќе го нагости Гибралтар, а потоа во вторник (26 март) ќе ја пречека Шведска. Двата натпревара се играат на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, но со почеток во 14:00 часот, многу непопуларен термин среде работен ден.

Стандардниот член на младата репрезентација на Македонија и фудбалер на прволигашот Работнички, Стефан Деспотовски, даде свој коментар за предизвиците што ги очекуваат младите репрезентативци во следниот период.

„Со нетрпение ги очекуваме дуелите со Гибралтар и Шведска. Играме на домашен терен, што претставува позитивна работа за нас. Сакаме да покажеме дека победата над Шведска во првото коло не беше случајна. Најпрво треба да одиграме со Гибралтар. Фокусирани сме максимално на тој меч, кој мораме да го добиеме“, почна Стефан, пренесува ФФМ.

„Овие квалификации ги започнавме одлично, со големата победа над Шведска на гостински терен, но се случи пад во нашата игра и забележавме три порази во серија. На некои натпревари среќата воопшто не ни се насмевна. Одигравме добар дуел со фаворитот во групата, Холандија, но на крајот несреќно загубивме, а Молдавија од два обида успеа да постигне два гола. Ги оставаме овие натпревари позади нас, ни претстојат два меча во кои мораме да покажаме голема желба за победа. Треба да покажеме и потрвдиме дека сме силна репрезентација која располага со квалитет. Се надевам дека ќе почнеме да остваруваме позитивни резултати“.

„Имаме игра, создаваме шанси, располагаме со цврстина и квалитет, сѐ што би требало да ја краси една квалитетна репрезентација. Мислам дека треба да бидеме многу поефективни и помудри во завршницата на акците и да ги реализираме шансите со погодок“.

„Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата. За сите нас преставува огромна чест и задоволство да се носи овој дрес. Со нетпрение очекуваме повторно да го облечеме дресот со државен грб и да излеземе пред нашите навивачи. Време е да се вратиме на победничките патеки“.

Во досегашниот тек од квалификациите младите „Рисови“ зарочараа остварувајќи само 1 победа и 3 порази. Македонија нема никакви шанси за првото место кое води на завршницата, но мора да го поправи впечатокот на резултатски план. Гибралтар на хартија делува како тотален аутсајдер, но успеа на гости да ја победи Молдавија со 2:1, репрезентација од која ние изгубивме.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе