Детален извештај: Илјадници контроли, казни и решенија на Инспекцискиот совет

Од 9 до 15 ноември шесте инспекциски служби во земјава спровеле вкупно 4.822 контроли. За непочитување на заштитните протоколи се затворени два угостителски објекта, еден во Гостивар и еден во Охрид, а издадени се и 13.676 решенија за изолација на лица болни од КОВИД, како и на лица кои биле во контакт со корона-заболени.

Како што соопшти денеска претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, инспекциските служби ќе продолжат да работат со полн капацитет и во наредниот период.

Таа апелира до граѓаните и правните субјекти да ги почитуваат здравствените мерки и препораки со што ќе им помогнат и на здравствените работници, инспекторите, армијата, полиција и на сите што активно се вклучија во борбата против КОВИД.

-Влегуваме во веројато најтешкиот период од справувањето со корона пандемијата поради што е најважно, како што рече, сите да придонесат за намалување на ширењето на вирусот. Тоа ќе го постигнеме само преку почитување на мерките и протоколите, и од страна на граѓаните и од стопанството, инспекциските служби ќе продолжат со контролите, напомена Филиповска-Грашкоска на прес-конференција во Владата.

Филиповска-Грашкоска информира дека од 9 до 15 ноември Државниот здравствен и санитатерн испекторат извршил 80 надзори врз основа на кои изрекол 13.676 решенија за изолација на лица заболени од корона и на лица кои биле во контакт со заболени. Државниот здравствен и санитарен испекторат изрекол и шест решенија од кои четири се за спроведување починато лице кое освен спроводница, мора да има и решение. Останатите две се за неправилно носење заштитна опрема, а уште едно, во рамки на вкупно седумте надзори, е издадено и за неисполнување на санитарно-хигиенски услови.

Пазарниот инспекторат извршил вкупно 3.068 контроли и 619 надзори при што изрекол 31 прекршочна пријава. Инспекторатот издал и 62 решенија, како и 38 прекршочни платни налози за прекршување на повеќе закони, меѓу кои законите за финансиска дисциплина, за занаетчиство и за заштита од пушење.

-Од овие, две се за непочитување на Законот на населението од заразни болести. Еден угостителски објект во Гостивар работел по 21 часот, а друг, во Охрид, не го испочитувал ограничувањето за најмногу четири лица на маса. На двата објекта им е изречена забарана за вршење дејност и тие се веднаш затворени, на лице место. Изречени им се и соодветни платни налози, рече Филиповска-Грашкоска.

Таа додаде и дека се затворени уште два други угостителски објекта зашто работеле, а не биле регистрирани.

Инспекторатот за транспорт извршил 80 надзори, а за непочитување закони изрекол десет прекршони пријави, 17 решенија и два прекршочни платни налога за непочитување на пртоколот за меѓународен превоз на патници на граничниот премин „Деве баир“. Државниот инспекторат за труд, пак, спровел 550 надзори, со фокус на почитување на здравствените протоколи. Притоа, изрекол 24 решенија за неправилноста од областа на работните односи и издал осум платни налози поради неносење заштитна маска на работно место.

Агенцијата за лекови сповела 26 надзори во аптеките низ државата при што е издадена една опомена за погрешно означување на надворешното пакување на заштитни маски.

АХВ, пак, изврши 399 надзори и издаде 12 решенија и изврши 19 едуакции за неизврпени здравствени прегледи, непроведување општи хигиенски мерки, небезбеден производи и работа на нерегистриран објект.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе