Digit го откри дизајнот на новиот iPhone XI
Можеби изгледа како да е прерано, но Digit тврди дека знае како ќе изгледа новиот iPhone кој треба да се појави годинава. Видеото кое беше објавено на YouTube каналот на Digit со сигурност ќе ги израдува верните фанови на Apple, како и сите оние кои со нетрпение ги чекаат новите модели на iPhone.
Според рендерот до кој успеа да стигне екипата на Digit, новиот iPhone XI би требало да има три камери на задниот дел од телефонот и тие ќе бидат распоредени во посебен квадратен дел од телефонот, заедно со блиц-светлото.
Digit напоменува дека овој дизајн и понатаму се наоѓа во тест фаза, па затоа не може да гарантира дека финалниот изглед на новата линија на iPhone телефони ќе биде ист како оној на видеото.