21. МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ

[Дигитален Моден викенд Скопје] Првенчето на KTN носи мирис на Париз

Александра Спасеска
/ 19.05.2020 / 21:29

Живот на социјална дистанца. И мода на социјална дистанца. Тоа го налага новата реалност во која живееме, но се чини модата со сите нејзини елементи никогаш не ни била поинтимна.

Џагорот меѓу ревии на Модниот викенд Скопје можеби го нема, но тркалото на модната индустрија продолжува да се врти и да создава приказни. Колекциите што дизајнерите неуморно ги подготвуваа сега може сите да ги видиме во „виртуелниот прв ред“ и уште подобро – на приватна презентација, со лаптоп или телефон пред себе. Сите сме публика на дигиталниот Моден викенд Скопје, а во овој циклус имаме нов бренд за кој ќе џагориме, барем во пораки и коментари на Instagram ако не на пауза меѓу ревии.

Трите сестри Китановски застанаа зад семејниот бренд KTN и се претставија со првата колекција FemmEPIRE што недвосмислено кажува за каква жена креираат. Првенчето на KTN носи мирис на Париз и голем ентузијазам од трите креативки. Токму ентузијазмот и јасната визија се најсилните адути на KTN. Низ креациите се чувствуваат силни и можеби сѐ уште недоволно сплотени изрази, но естетиката е недвосмислена: основата е класична париска елеганција канализирана во современ израз, со стремеж да остави траен печат.

Изборот да се претстават со колекција во која доминираат класичната бела и црна боја е паметен – тука е важна силуетата. Трите креативни енергии се јасно изразени преку различниот избор на материјали и текстури, на моменти вешто сплотени во една симбиоза, додека во некои креации дури и бунтовно спротиставени. Суптилното покажување кожа преку провидни изрези и длабоки шлицови ја прави нивната femme fatal моќна, но не и немилосрдна.

KTN е бренд што најавува дека ќе биде бескомпромисен кога станува збор за елеганцијата и ќе ја слави жената со сите нејзини моќи, на начин што ќе ја истакне нејзината верзија на убавината.

Remote video URL

Шминка: Farmasi и Марија Лазарoва

Фризура: Revlon Professional

Фотографија: Света Богова Јовановска

Постпродукција: Aлекс Китановски

Кастинг: Виктор Цветановски

Модели: Александра Бошнакоска, Ангела Ѓоргиева, Андријана Илиоска, Пале Манева @ Podium Model Agency

Во соработка со: Skopje City Mall

Поддржано од: Lenor

Дигитален партнер: A1 Македонија

Сите колекции ексклузивно ќе бидат презентирани на социјалните мрежи, со премиера на снимените видеа и фотографии во партнерство со Skopje City Mall, а тука ќе ги читате критичките видувања за нив, низ призмата на модната блогерка и заменик-уредник на Kajgana.com, Александра Спасеска.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе