УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Динамо помина на пенали, Селтик повторно се сопна во квалификациите

Познати се сите учесници во 3. квалификациско коло за новата сезона од најквалитетното континентално клупско натпреварување откако синоќа се одиграа последните натпревари од 2. коло.

Загрепски Динамо се намачи со романскиот шампион Клуж, но сепак ја продолжи борбата за нов влез во групите. Амер Гојак во 14. минута им донесе водство на Хрватите на гостински терен, а домаќините промашија колосална шанса за израмнување кога во 52. минута Чипријан Јоан Деак промаши пенал откако претходно Кевин Теофил-Катрин направи фаул во казнениот простор за што доби и црвен картон.

Во 64. минута Клуж сепак израмни со голот на Мишел Перејра. Хрватите, иако со играч помалку, дојдоа до ново водство преку Лирим Кастрати во 78. минута. Клуж се избори за продолженија со гол во третата минута од судиското надополнување благодарение на Хрватот Габриел Дебељух.

Немаше погодоци во двете продолженија од по 15 минути, па патникот во наредната фаза го решија пеналите. Во петтата серија Гојак промаши за Динамо, но веднаш потоа промаши и Каталин Голофка. Победникот се реши во седмата серија кога Кевин Боли промаши за Клуж. Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо, Аријан Адеми, го одигра целиот натпревар и реализираше пенал во третата серија.

Remote video URL

Шкотскиот гигант Селтик доживеа нова бламажа, па и оваа сезона ќе остане без пласман во фазата по групи. На домашен терен Шкотланѓаните беа изненадени од унгарскиот шампион Ференцварош кој поведе уште во 7. минута преку Давид Шигер. Селтик израмни преку Рајан Кристи во 53. минута, а победничкиот гол за Ференцварош беше дело на Токман Нген на 15 минути пред крајот.

Резултати:
АЗ (Холандија) - Викторија (Чешка) 3:1 прод.
Цеље (Словенија) - Молде (Норвешка) 1:2
Карабаг (Азербејџан) - Шериф (Молдавија) 2:1
Судува (Литванија) - Макаби Тел-Авив (Израел) 0:3
Локомотива (Хрватска) - Рапид (Австрија) 0:1
Лудогорец (Бугарија) - Митјиланд (Данска) 0:1
Клуж (Романија) - Динамо (Хрватска) 2:2 (5:6 пен.)
Динамо (Белорусија) - Сарајево (БиХ) 2:1
Легија (Полска) - Омонија (Кипар) 0:2 прод.
Јанг Бојс (Швајцарија) - Клаксвик (Фaрски Острови) 3:1
Селтик (Шкотска) - Ференцварош (Унгарија) 1:2

Завчера:
ПАОК (Грција) - Бешикташ (Турција) 3:1
Тирана (Албанија) - Црвена звезда (Србија) 0:1

Директно пласирани во 3. коло се Бенфика (Португалија), Динамо (Украина) и Гент (Белгија).

Жрепката за 3. коло е закажана за 31 август. Победниците од ова коло ќе играат плеј-оф каде ќе се одлучат патниците во групната фаза.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Спорт

Македонија - Швајцарија низ објектив

Read more

Македонија - Германија низ објектив

Read more

Ракометниот спектакл Франција - Македонија низ објектив

Read more

Македонија - Англија низ објектив

Read more
 

Фото

  • filter

Поглед во специјалното издание на Renault за Ролан Гарос

Читај повеќе
  • filter

26 април 1986, експлодирала нуклеарната централа во Чернобил

Читај повеќе
  • filter

24 април 1967, космонаутот Владимир Комаров загинал во вселенска мисија

Читај повеќе
  • filter

Обновениот Tesla Model 3 Performance од секој агол

Читај повеќе
  • filter

23 април 1014, Ирците ги победиле Викинзите кај Даблин

Читај повеќе
  • filter

22 април 1500, Португалците го откриле Бразил

Читај повеќе
  • filter

Хиперавтомобилот EXE181 одблизу

Читај повеќе
  • filter

21 април 1918, соборен бил Црвениот Барон

Читај повеќе
  • filter

20 април 1945, Советите го нападнале Берлин

Читај повеќе