Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот со коронавирусот досега се заразени 7.369.460 лица. Од нив починале 414.864, а оздравеле 3.637.780 луѓе.

– Расте бројот на новозаразени со COVID-19 во Албанија. Во последното деноноќие од тестирани 311 сомнителни случаи позитивен резултат е добиен кај 42 лица, што е за шест повеќе од вчера, кога беше регистрирана најголема бројка од појавата на пандемијата. Во споредба со податоците од понеделникот, бројот е поголем за дури 25 новозаразени. Од новозаразените петмина се здравствени работници. Досега во земјата направени се 19.271 тестирања, позитивни на COVID-19 се 1.341, оздравени од нив се 980, додека починати 34. Активни се 327 случаи, од нив хоспитализирани се 46, што е за 12 повеќе во споредба со понеделникот, на интензивна терапија се осум, а на респираторна машина поставен е еден пациент. Според Министерcтвото за здравство и социјална заштита, зголемиот број новозаразени во последните денови е последица на групните собирања, присуство на погреби, како и неносење заштитна маска и неодржување физичка дистанца.

– Во Пакистан за еден ден се регистрирани повеќе од 100 смртни случаи, најмногу откако е прогласена епидемијата на коронавирусот кон средината на март. Во изминатите 24 часа, во Пакистан се пријавени 4.646 нови случаи и 105 смртни случаи. Заразени се вкупно 108.316 лица, а 2.172 починале. Според премиерот Имран Кан, Пакистан сè уште не го достигнал пикот на епидемијата и тоа не се очекува до август.

– Во изминатите 24 часа во Бразил се пријавени 32.091 заразени со коронавирусот и 1.272 смртни случаи. Во таа јужноамериканска земја се регистрирани вкупно 739.503 пациенти, па Бразил е на второто место во светот по бројот на заразени, веднаш по САД. Според вкупниот број смртни случаи – 38.406, Бразил е на третото место во светот.

– Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија во последните 24 часа се зголеми за 318 и достигна 184.861, соопшти Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“. Починаа 18 пациенти, со што вкупниот број на смртни случаи од COVID-19 во државата достигна 8.729.

– Новиот коронавирус предизвика 819 смртни случаи во САД во минатиот ден, според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“. Вкупниот број на смртни случаи поврзани со COVID-19 во државата достигна 111.750 и потврдени случаи на заразени – речиси два милиона. Оздравеле околу 518 илјади луѓе.

– Во Индија се пријавени речиси 10.000 новозаразени. Во таа држава сега се заразени 276.583 лица и е на петто место во светот по бројот на заразени. Министерството за здравство пријави 9.985 нови случаи и 274 смртни случаи во изминатите 24 часа.  Вкупниот број на смртни случаи достигна 7.745. Махараштра, Тамил Наду и Њу Делхи се најтешко погодени.

– Мексиканското Министерство за здравство објави дека се потврдени уште 4.199 случаи на коронавирус и уште 596 смртни случаи во таа земја.  Така, вкупниот број заразени во таа земја достигна 124.301, а вкупно 14.649 лица починаа како резултат на COVID-19.

– Според Африканскиот центар за контрола и спречување на заразни болести на тој континент, бројот на заразени со вирусот надминува 200.000. Досега од COVID-19 во Африка починале 5.516 луѓе, а вкупно се заразени 202.782. Африка сè уште претставува мал процент од вкупниот број на позитивни (околу пет проценти), но таму се загрижени затоа што бројот на заразени лица продолжува да се зголемува. Јужна Африка е прва со 52.991 заразени лица. Египет има 36.829 случаи и Нигерија 13.464.

– Од направени 1.369 анализи, во изминатите 24 часа, на Кипар денеска се регистрирани два нови случаи на COVID-19, а вкупниот број на заразени лица се зголеми на 974.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе