Додик: Србите имаат две држави, Република Српска и Србија

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик денеска во Орашац изјави дека Денот на државноста на Србија во Република Српска се доживува како заеднички празник, јави Радио телевизија Република Српска (РТРС). Дел од босанските медиуми веднаш реагираа на изјавата на Додик, оценувајќи дека тој продолжува со сепаратистичката реторика.

Фото: Танјуг

– Во Република Српска го одбележуваме овој ден како свој. Ја гледаме Србија како матица. Србија ни дава гаранции и засолниште, ни помага и ни дава поттик, кажа Додик на централната манифестација за одбележување на Денот на државноста на Србија, честитајќи им на граѓаните и на раководството на Србија.

Според Додик „Србите секогаш им носеле слобода на другите народи“, додавајќи дека тие се „наши претци кои поставија темели на тоа што е денес современа цивилизација“.

– Се среќаваме тука и го одбележуваме нашиот заеднички празник, празник кој е посветен на Првото српско востание, денот кога Србите во посветена борба за слобода, го кренаа востанието и започнаа со изградба на српската државност и слобода за сите кои живеат тука, додаде Додик.

Тој изјави дека Србите денес имаат две држави – Република Српска и Србија.

– Србија која е гарант на мирот и безбедноста, која ја сакаме и се радуваме на секој нејзин напредок, Србија која е гарант за опстанок на сите Срби, нагласи тој и ѝ се заблагодари на Србија за помошта на Република Српска и за разбирањето.

Според неговите зборови, Србија е гарант на мирот, држава која под раководство на претседателот Александар Вучиќ, како што нагласи Додик, се гради и оди напред.

Србија денеска го слави Денот на државноста (Сретење) – денот кога на 15 февруари 1804 година започнало Првото српско востание и кога на 15 февруари 1835 година бил прогласен Сретењскиот устав на Кнежеството Србија. Централната церемонија, како и секоја година, се одржува во Орашац, местото каде што во 1804 година било кренато Првото српско востание.

На церемонијата присуствуваат премиерката на Србија Ана Брнабиќ, министрите во Владата на Србија и други гости. Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик и неколку други политичари од Република Српска, исто така беа присутни на церемонијата.

реклама

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Израел подготвува план за заминување на Палестинците од Газа: Нека ги примат Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Како треба да се чува кромидот за да остане свеж?

Read more

Регион

Владата на БиХ ги замрзна цените на 50 прехранбени производи: Добивме сигнал од народот и ќе одговориме

Read more

Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат

Read more

За 72 часа Санторини го погодија 39 земјотреси посилни од 4 степени според Рихтер, околу 9.000 луѓе го напуштија островот

Read more

Вучевиќ: Оние кои сакаат отцепување на Војводина протестите ги гледаат како можност за нивните планови

Read more
 

Вести

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Читај повеќе

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Читај повеќе

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Читај повеќе

Се степале двајца лекари во операциона сала во штипската болница

Читај повеќе

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Читај повеќе

Израел подготвува план за заминување на Палестинците од Газа: Нека ги примат Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада

Читај повеќе

Мицкоски очекува откако ќе им се изгласа интерпелација членовите на Судски совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Читај повеќе

Повторно пукање во Брисел, најмалку еден повреден

Читај повеќе

Се воведува Итно копче за брза помош на центарци

Читај повеќе