СЕРИЈА А 2023/2024

Драма на Меаца: Фратези го спаси Интер, Верона промаши пенал во 100. минута

Филип Здравески
/ 06.01.2024 / 15:02

Интер ќе остане лидер во Калчото на полусезона откако во крајно неизвесен натпревар попладнево славеше над Верона со 2:1.

Навидум лесната задача за лидерот почна според планот. Капитенот Лаутаро Мартинес се врати по повредата и уште во 13. минута го отвори резултатот.

Но, несигурната игра пред голот на гостите од градот на Ромео и Јулија резултираше со тоа да нема промена во резултатот во корист на Интер, односно фаворитот со време да не ја осигура победата според планираното.

Казната стигна во 74. минута по еден навидум безопасен напад на гостите кога Тома Анри мајсторски го смени правецот на нафрлувањето од Ондреј Дуда.

Интер немаше идеја како да дојде до победнички гол, а во меѓувреме Марко Арнаутовиќ беше трагичар откако промаши две колосални шанси. Прво, топката на празен гол ја исфрли надвор, а потоа лошо ја процени при скок со глава.

Ерупција на „Меаца“ настана во 2. минута од надополнувањето откако Алесандро Бастони со топовски удар ја затресе пречката, на одбиената топка налета Николò Барела, чиј удар го одбрани Лоренцо Монтипò, но не ја задржа, ја одби кратко за да дојде до нововлезениот Давиде Фратези и тој да ја смести в гол.

URL

Но, тоа не беше крај на драмата. Прво, српскиот играч од средниот ред на Верона, Дарко Лазовиќ, доби црвен картон поради несогласување со главниот судија. Потоа Верона нападна по втор гол, кој за малку ќе го добиеше. При обид да расчисти една топка, Матео Дармјан место топката го шутна Џанџакомо Мањани, а по интервенција на ВАР судијата Мајкл Фабри покажа пенал за Верона во 10. минута од надополнувањето, или вкупно 100. минута од натпреварот.

Стрелецот на израмнувачкиот гол, Французинот Тома Анри, кој дели презиме со славниот француски голгетер Тјери Анри, ја зеде одговорноста и ја стави топката на белата точка, соочувајќи се со швајцарскиот голман Јан Зомер под громогласните свирежи на преполниот стадион. Го надмудри, го испрати на погрешката страна, но лошо ја зафати топката и ја погоди стативата, а неговите соиграчи одбиената топка не успеаја да ја сместат во мрежата.

Со 48 бодови и 5 повеќе од второпласираниот Јувентус, кој утре го игра својот натпревар од ова 19-то коло, Интер ја освои неформалната титула зимски шампион, како што велат на Чизмата.

Standings provided by Sofascore
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе