Драматично предупредување од Киев: Русија мобилизираше 500.000 луѓе

Украинскиот министер за одбрана изјави дека Русија подготвува нова офанзива и предупреди дека таа би можела да започне веќе на 24 февруари, објави денеска BBC.

Олексеј Резников рече дека Москва мобилизирала околу 500.000 војници и дека можеби ќе „проба нешто“ за да ја одбележи годишнината од почетната инвазија минатата година.

Во септември минатата година, рускиот претседател Владимир Путин најави мобилизација на околу 300.000 резервисти за војната во Украина, изјавувајќи дека мобилизацијата е неопходна за „зачувување на територијалниот интегритет“ на Русија. Сепак, Резников сугерира дека реалниот број на мобилизирани би можел да биде значително поголем.

„Официјално објавија 300.000, но кога ги гледаме силите собрани на границите, проценуваме дека тоа е многу поголема бројка“, изјави Резников за француската телевизија BFM. BBC нагласи дека не може самостојно да ја потврди оваа информација.

Напад на Краматорск

Во меѓувреме, три лица загинаа во напад на градот Краматорск, а осум се ранети во град во областа Доњецк кога руски проектил погоди станбена зграда, изјави гувернерот на покраината.

Спасувачите ги пребаруваат урнатините и се очекува бројот на жртвите да биде поголем.

„Единствениот начин да се запре рускиот тероризам е да се победи“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи за нападот. „Со тенкови. Со борбени авиони. Со проектили со долг дострел“, напиша тој.

Украина неодамна повторно побара борбени авиони за да се заштити од воздушни напади, откако Германија, САД и Велика Британија се согласија да им испратат тенкови.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Нови пресметки од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ има еден мандат помалку, ЗНАМ еден повеќе

Read more

Свет

ЕУ пресече: Замрзнатите руски средства ќе се трошат на оружје за Украина

Read more

Зошто 9 мај се слави како Ден на Европа?

Read more

Барон Трамп уште не завршил средно, а влезе во политика

Read more

Украинскиот парламент одобри мобилизација на затвореници

Read more
 

Вести

ЕУ пресече: Замрзнатите руски средства ќе се трошат на оружје за Украина

Читај повеќе

Објавен конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ за 2024 година

Читај повеќе

Тренчевска се повлече од партиската функција: Нека настапат нови лица, неизвалкани од бремето на претходните функционери

Читај повеќе

Зошто 9 мај се слави како Ден на Европа?

Читај повеќе

Барон Трамп уште не завршил средно, а влезе во политика

Читај повеќе

Нов состав на Собранието во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска Давкова најдоцна викендов

Читај повеќе

Силјановска го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, тој неа во 2019 со 58.210

Читај повеќе

Разговор со поетесата Д.A. Лори вечерва во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје

Читај повеќе

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Читај повеќе