Драстично поскапеа половните автомобили во Германија

Во Германија, половните автомобили се зголемија за речиси една третина во рок од една година, според Агенцијата за анализа на пазарот DAT.

„Во април, вообичаениот автомобил стар три години со бензински мотор беше за 30,1 отсто поскап од сличен автомобил во април минатата година“, покажува анализата на DAT. Во просек, автомобил стар три години со бензински мотор чинел 27.900 евра.

Дизелашите поскапеа повеќе од бензинците

Автомобилите со дизел мотори поскапеа уште повеќе, за 31,8 отсто, а за „дизелаши“ стари три години во просек требало да се издвојат 28.960 евра.

Според аналитичарите, цените на половните автомобили растат поради намалената понуда на нови. Кризата со корона влијаеше на недостигот на чипови и други делови за автомобилската индустрија, што го намали капацитетот.

Истовремено, цените на новите автомобили пораснаа за седум отсто во последните три години. Значителниот пораст на цените на половните автомобили не се однесува само на автомобилите до три години, туку и на постарите модели.

Кога понудата е ограничена, побарувачката расте

„Кога понудата е ограничена, побарувачката за постари модели расте, а тоа секако ја зголемува цената“, изјави портпаролот на агенцијата DAT.

Дебатата што се одржа во Германија во пресрет на корона кризата, која предвидуваше дури и делумна забрана за дизел автомобили, веќе не влијае на намалената побарувачка за овие возила, што беше забележливо среде таа дебата.

Според DAT, но и најголемиот интернет портал за половни автомобили mobile.de, има побарувачка за користени „дизелаши“, особено за оние со помоќни мотори.

реклама

Неделен хороскоп од 16 до 22 февруари

Read more

Главен виновник зошто не можете да слабеете, а често се игнорира

Read more

Тепачка на паркинг во Аеродром, уапсените на возраст од 19 до 27 години

Read more

Колку долго треба да трае дремката?

Read more

Авто новости

Како ќе изгледа најевтиниот електричен Volkswagen?

Read more

Како SUV возилата ја спасуваат продажбата во Европа?

Read more

Работниците во Ferrari добија бонус што вреди колку нов автомобил

Read more

Уникатниот Pagani Huayra е инспириран од Пацификот

Read more
 

Автомобили

  • filter

Како ќе изгледа најевтиниот електричен Volkswagen?

Читај повеќе

Како SUV возилата ја спасуваат продажбата во Европа?

Читај повеќе

Работниците во Ferrari добија бонус што вреди колку нов автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Како звучи V16 моторот на Bugatti Tourbillon?

Читај повеќе

Уникатниот Pagani Huayra е инспириран од Пацификот

Читај повеќе

Колку кинеските производители треба да ги намалат цените за да бидат конкурентни во Европа?

Читај повеќе

Совршеното Ferrari F40 чини 3,5 милиони долари

Читај повеќе

По 50 години пристигнува наследникот на Lada Niva

Читај повеќе

Грција сака да ја забрани продажбата на гориво на мотоциклистите што не носат кацига

Читај повеќе