Дресот на Марадона од финалето на СП 1986 вратен во Аргентина

Дресот што Диего Армандо Марадона го носеше во финалето на Светското првенство 1986 во Мексико во кое Аргентина ја победи Западна Германија е вратен на Фудбалската асоцијација на Аргентина (АФА).

Поранешниот германски репрезентативец Лотар Матеус, кој на полувремето од тоа финале ги замени дресовите со Марадона, 36 години подоцна му го подари на аргентинскиот народ, пренесоа локалните медиуми.

Претходно оваа година, дресот што Марадона го носеше во четвртфиналето против Англија, кога го постигна прославениот гол наречен „Божја рака“ беше продаден на аукција за рекордни 7,1 милиони долари.

Тој дрес на аукција го стави поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ, но и покрај астрономската цена што ја достигна, Матеус во изјава за Daily Mail рече дека воопшто не помислувал да заработи на дресот на Марадона.

„Ова е приказна за германскиот капитен кој имаше аргентински пријател. И како и сите пријатели, го разменија најдоброто што го имаа – прегратка, совет и дрес“, наведе АФА во видеопорака по повод „подарокот од Матеус за аргентинскиот народ“.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе