Фудбалерите на Интер Мајами го победија Нешвил со 3:1 и се искачија на првото место во Источната конференција од МЛС.

Блескаше Лионел Меси, со два гола и аситенција. Инаку, Интер Мајами со пресврт дојде до победата, откако Нешвил дојде до предност со автоголот на Франко Негри.
Но, Интер Мајами брзо се врати. Во 11. минута Меси изедначи, а потоа во 29-тата му асистираше на Серхио Бускетс.
Конечните 3:1 ги постави Меси во 81. минута од пенал.
Интер Мајами сега е лидер во Источната конференција со 18 бодови, но има и натпревар повеќе од Њујорк Ред Булс.
Исто така, Меси се искачи на второто место на листата на стрелци со 7 гола, еден помалку од Колумбиецот Кристиан Аранго од Риал Солт Лејк.
Табела: