Двајца милијардери чекаат во ред за купување на Челси

Според последните информации од Англија, има двајца многу сериозни кандидати за купување на Челси откако рускиот милијардер Роман Абрамович реши да ја продаде својата омилена „играчка“ по 19 години владеење.

Абрамович најпрвин го напушти клубот за да не го зафатат Челси евентуалните санкции и раководството го препушти на Хуманитарната фондација на Челси, а потоа се предомисли и официјално објави дека клубот е на продажба.

Она што е многу интересно е што Абрамович синоќа потврди дека сите пари од продажбата на клубот ќе одат за помош на жртвите од војната во Украина. Со овој потег тој целосно се огради од тезата дека е близок со Владимир Путин и неговиот режим.

„Нема да барам враќање на ниту еден заем. Никогаш не се водев од деловни и финансиски мотиви, туку само од мојот однос кон играта и клубот. Згора на тоа, му наложив на мојот тим да формира хуманитарна фондација во која сите приходи ќе бидат донирани. „Фондацијата ќе биде во корист на сите жртви на војната во Украина. Тоа вклучува обезбедување на критични средства за најитните потреби на жртвите, како и поддршка на долгорочна работа за опоравување“, изјави синоќа рускиот милијардер. .

За тоа време се искристализираа двајцата најсериозни купци кои би можеле да станат нови сопственици на Челси. Иако во медиумите се споменуваа многумина, Британците јавуваат дека двократниот европски шампион би требало да падне во рацете на американски или швајцарски сопственик.

Станува збор за швајцарскиот милијардер Хансјорг Вис, кој веќе потврди дека бил во преговори со Абрамович, и Американецот Тод Боли. Sky Sports пренесува и дека постои можност споменатото дуо заедно да влезе во сопственичката структура на клубот.

Синоќа екипата на Челси го совлада Лутон со 3:2 во петтото коло од ФА Купот, а по натпреварот заминувањето на Абрамович го коментираше тренерот Томас Тухел. Германецот истакнува дека сè уште не е свесен за заминувањето на рускиот олигарх.

„Можам да го замислам Челси само со Роман Абрамович. Многу ми е тешко. Сè уште не сум свесен за ситуацијата бидејќи ова е огромна промена“, изјави Тухел.

Иако самиот Русин не го потврди тоа, речиси сите поголеми британски медиуми објавија дека Абрамович ќе бара 3,6 милијарди евра за Челси.

URL
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Фудбал

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе