Еден од пет КОВИД пациенти има долготрајни последици неколку недели по дијагнозата

Приближно едно од пет лица има долгорочни последици од COVID-19 и до пет недели по првичната дијагноза, покажа новата голема анализа во Велика Британија.

Секоја десетта личност има симптоми на COVID-19 и 12 недели по дијагнозата, а некои дури и подолго.

Британската канцеларија за национална статистика (ONS) објави прелиминарни информации од својот извештај за распространетоста на „долгорочниот ковид“ и се покажа дека болеста кај некои остава последици што траат со месеци.

Најчестите пријавени симптоми биле умор, проследен со кашлица, главоболка, губење на вкус, губење на мирис, болки во грлото, треска, отежнато дишење, гадење, дијареја и болки во стомакот, пренесува IFLScience.

„Овие прелиминарни податоци се многу загрижувачки“, коментира д-р Дејвид Страјн, постар клинички предавач на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Ексетер, кој не бил директно вклучен во истражувањето.

„Овие податоци, исто така, даваат увид во опсегот на компликации што се јавуваат, на пример, ризик од срцев удар, мозочен удар или срцева слабост, што е скоро 12 пати поголемо кај пациенти со COVID-19 отколку кај пациенти хоспитализирани за други инфекции“, рече тој и додаде дека шансата за развој на дијабетес или бубрежна инсуфициенција е девет или 10 пати поголема кај пациенти со COVID-19.

COVID-19 е мултисистемско заболување

„Овој вирус е многу повеќе од само респираторна инфекција, тој е мултисистемско заболување“, истакна Страјн.

Други извештаи наведуваат дека COVID-19 може да предизвика ментални нарушувања, како што се вознемиреност или депресија, во рок од три месеци откако лицето ќе се разболи. Еден од најчестите долгорочни невролошки проблеми пријавени од лицата заболени од COVID-19 е „мозочна магла“, при што луѓето кои имаат потешкотии во концентрацијата и губење на меморијата.

Иако постојаните симптоми можат да се забележат кај други вирусни инфекции, најчесто преку вирусен замор или пост-вирусна кашлица, се чини дека долгорочните несакани ефекти се обележје за COVID-19. Постојат многу идеи зошто SARS-CoV-2 ги предизвикува овие долгорочни компликации, но нема дефинитивни одговори.

„Иако поствирусните симптоми се чести, или по грип или други коронавируси, обемот на оваа пандемија и потенцијалниот број на заразени лица со долгорочен ковид се невидени и претставуваат уште еден предизвик за јавното здравје поврзан со COVID-19 “, објасни д-р Амитава Банерџи вонредна професорка на Clinical Data Science.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе