Единствена Македонија: При секое доаѓање на косовски политичар оди курбан по една улица од историско значење

Цела Македонија гледа како се воспоставува опасна антимакедонска практика со секое доаѓање на косовски политичар во земјата да оди курбан по една улица, односно, називи на улици да се заменуваат со имиња на лица од Косово, a од власта – молк, велат од партијата Единствена Македонија.

„Пред само четири месеци, при посетата на косовската претседателка Вјоса Османи на Македонија, улицата 'Славеј Планина' беше заменета со името на поранешниот косовски претседател Ибрахим Ругова.

Денес, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти повторно е направена замена на назив на улица, односно, улицата 'Втора македонска бригада' од денес ќе го носи името на Адем Демачи.

Притоа, нема никакво издржано објаснување во што се состојат заслугите за Македонија од страна на Ибрахим Ругова и Адем Демачи.

Единствена Македонија ја повикува власта на СДСМ да се вразуми и на шовинистичкиот поход со бришењето на називи на улици со историско значење за Македонија и Македонците да одговори со целосна забрана за ваквата антимакедонска пракса.

Единствена Македонија никогаш нема да ја предаде Македонија. Ќе ги поништиме антимакедонските преименувања на улици. Македонија е нашата татковина. Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, се бориме и за Македонија“, велат од партијата.

реклама

Хороскопски знаци на кои ќе им „паѓаат пари од небо“ во 2026 година

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Read more

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Read more

Македонија

МЗ: Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството

Read more

Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд

Read more

Инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржина и јутјуберите да се регистрираат во АВМУ, соопштија од агенцијата

Read more

Лекарската комора дава поддршка за новиот Закон за заштита од пушење

Read more
 

Вести

„Као какао“ – прв македонски мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски

Читај повеќе

МЗ: Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството

Читај повеќе

На „Богородица“ откриени службени пиштоли украдени од обезбедувањето на ЈП „Паркови и зеленило“

Читај повеќе

Скопјанец им се заканувал на сопругата и ќерките дека ќе ги убие и запали

Читај повеќе

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Читај повеќе

Како се Балканот и Венецуела поврзани на пазарот на кокаин?

Читај повеќе

11-годишно дете во САД го убило татко му затоа што му ја зел видеоиграта

Читај повеќе

Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржина и јутјуберите да се регистрираат во АВМУ, соопштија од агенцијата

Читај повеќе