Една од најелитните американски единици распоредена во Европа првпат по 80 години

А.С.
/ 23.10.2022 / 10:23

Откако Русија ја почна инвазијата на Украина, НАТО нареди засилување на т.н на источното крило на Aлијансата, а една од единиците лоцирани во таа област е 101-та воздушнодесантна дивизија на Армијата на САД.

Првпат по речиси 80 години оваа елитна единица е присутна во Европа, а моментално нејзините членови се наоѓаат во Романија.

Единицата наречена „Screaming Eagles“ се наоѓа на само неколку километри од украинската граница, а нејзината цел е обезбедување на територијата на НАТО, поточно областа на Романија и Црното Море.

„Подготвени сме да го одбраниме секој сантиметар од територијата на НАТО. Доаѓаме со посебни способности, особено во контекст на воздушни напади“, изјави бригадниот генерал Џон Лубас, пренесува CBS News.

Remote video URL

За време на престојот во Романија, оваа единица веќе одржа серија воени вежби со цел создавање „борбена атмосфера“ слична на онаа во Украина.

По повод воените вежби говореше и романскиот генерал Јулијан Бердила кој го пофали однесувањето и улогата на американските војници.

„Фактот што имаме американски војници овде е како да имаме сојузници во Нормандија пред непријателот да стигне таму“, рече романскиот генерал.

Полковникот Едвин Матаидес рече дека неговите војници ги претставуваат американските сили најблиску до украинската граница.

„Од оваа гледна точка, ние внимателно ги следиме руските сили и спроведуваме вежби за да го повториме точно она што се случува сега во војната. Тоа нè држи будни и подготвени“, рече полковникот.

Во интервјуто командантите на единицата „Screaming Eagles“ постојано зборуваа за тоа како се подготвени и за ноќни борби и за одбрана на секој дел од територијата на НАТО.

„Доколку борбите ескалираат и ако има некаков напад врз НАТО, единицата соопшти дека се подготвени на сè, вклучително и преминување на границата со Украина“, пишува романски Digi24.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Ново

  • filter

18 мај 1804, Наполеон бил прогласен за император

Читај повеќе
  • filter

Древните цивилизации на Анадолија

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе