Ешли Греам: Се дрогирав и спиев со погрешни мажи

Моделот со облини Ешли Греам во интимно интервју за списанието „Harper’s Bazaar“ откри каков ѝ бил животот кога имала 17 години.

Познатата манекенка кој ја смени модната индустрија како еден од првите plus size модели призна дека иако многумина ја доживувале како „ангел“, таа била вистинска бунтовничка кога се преселила во Њујорк на 17 години и ја почнала кариерата како модел.

Греам (30) денес ѝ е благодарна на мајка си бидејќи ја вратила на вистинскиот пат и покрај нејзините адолесцентски проблеми ја окуражила да не се откажува од соништата.

„Се дрогирав и спиев со погрешни мажи, јадев лоша храна, не вежбав и не се грижев за мојата духовна состојба“, призна раскошната убавица во искреното интервју.

Греам додава дека сето тоа предизвикало да се здебели 11 килограми за две години, поради што модните агенти ѝ рекле дека нејзината кариера како модел е завршена.

„Тогаш им се јавив на мама и тато и им реков: ‘Се враќам дома. Веќе нема да се занимавам со ова.’ Мајка ми потоа ми кажа нешто што од денешна перспектива звучи многу пророчки: ‘Можеш ти. Твоето тело еден ден ќе смени нечиј живот’“, раскажува убавицата со облини.

Греам денес е еден од најбараните plus size модели и нејзината приказна и успех се инспирација за бројни девојки и жени да го сакаат своето тело и да им пркосат на стандардите за убавина што со години наназад ги наметнуваше модната индустрија.

Таа постојано дава изјави преку кои покажува колку се гордее со начинот на кој изгледа и држи мотивациски говори за прифаќање на различностите и борба против онлајн малтретирањето поради надворешниот изглед.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе