ЕУ финансира тест за коронавирус што дава резултати за 30 минути

Брисел, 20 мај 2020 (МИА) – Европската Комисија соопшти дека еден од проектите што ги финансира во рамките на борбата против коронавирусот веќе дава позитивни резултати, а станува збор за брз дијагностички тест, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тестот под име HG nCoV19 е еден од осумнаесетте проекти финансирани од Европската Унија во рамките на програмата Хоризонт 2020 и е брз дијагностички тест кој може да ја детектира инфекцијата на COVID-19 за триесет минути.

Станува збор за заеднички проект на научници од Ирска, Обединетото Кралство, Кина и Италија и е координиран од ирската компанија Hibergene.

-Ова е одличен пример на научни истражувања од ЕУ во акција, охрабрена сум што нашите научници одговорија на предизвикот, го развија овој дијагностички систем толку брзо и ја испорачаа оваа цел на нашите први итни повици. Клучно е коронавирусот да се дијагностицира побрзо и на посигурен начин, затоа што така се намалува ризикот од натамошно ширење на вирусот, изјави Марија Габриел, еврокомесарката задолжена за иновации.

ЕУ учествувала со 930 илјади евра во овој проект, а компанијата Hibergene ја поддржува во своите истражувања веќе дваесет години, информираат од Европската Комисија.

На овој тест научниците работат од февруари. Станува збор за тест кој преку “едноставен метод“ дава брзи резултати за дијагноза на болеста во раните фази на инфекцијата.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе