Европски божикни базари со најдолга и најинтересна традиција

Веќе од средината на ноември, многу европски градови се трансформираат во мал микрокосмос исполнет со тезги, светилки и божикни песни.

На почетокот на декември, кога зимата и снегот го покриваат европскиот континент, топлината и светлината на божикните базари ги исполнуваат плоштадите во неговите метрополи. Замислени уште во XVI век со цел да ги зближат луѓето на едно пријатно место кога ќе започне студеното време, тие останаа една од најпопуларните манифестации во овој дел од годината до денес.

Ова е список на божикни базари кои доколку се најдете во некој од овие градови, не смеете да ги пропуштите:

Берлин, Германија

Германската престолнина е домаќин на околу 60 божикни базари на булеварите, плоштадите, тесните улички и музеите. Сепак, оној поставен пред барокната палата Шарлотенбург се смета за главен во градот и во цела Германија. Со величествениот замок кој го покрива базарот, претставува глетка која се чини дека е замрзната во времето, а покрај квалитетните занаетчиски производи што може да се купат овде, познат е и по тоа што има греење.

Се одржува од 26 ноември до 26 декември.

Белфаст, Северна Ирска

Главниот град на Северна Ирска се смета за еден од првите во Европа што отворил божикен базар. Во средина во која често се судираат религиозните мислења, оваа традиционална манифестација е свечено место за срдечни состаноци. Покрај типичните тезги со божикни предмети и подароци, во Белфаст има и можност за посета на замокот пред кој се наоѓа базарот, во придружба на водич.

Се одржува од 17 ноември до 22 декември.

Загреб, Хрватска

Главниот божикен базар во Загреб се наоѓа во самото срце на градот, веднаш спроти железничката станица. Голема атракција е величественото лизгалиште - во чија непосредна близина се наоѓа и Музичкиот павилјон од 1891 година, од каде допираат божикни песни. Доколку имате среќа да го посетите главниот град на Хрватска за време на популарниот Адвент, покрај бројните тезги на кои се продаваат ракотворби и топли пијалаци, ќе можете да уживате и во деликатесите карактеристични за Балканот.

Се одржува од 1 декември до 6 јануари.

Ерфурт, Германија

Божикниот базар во Ерфурт се наоѓа на Домплац, опкружен со импозантната катедрала Св. Марија (St. Marien) и црквата Св. Ксавериуј (Severikirche). Она што веднаш му паѓа во очи на секој што ќе се најде во оваа средина за време на прославите е најголемото средновековно ѕвоно во светот, излиено во 1497 година. На бројни штандови можете да најдете ракотворби со овој симбол на градот, кои ќе ве потсетат на ова необично место кога ќе се вратите дома.

Најдобро време за посета е на крајот на ноември, за време на церемонијата на отворање.

Будимпешта, Унгарија

Од последната недела на ноември до Божик, шармантниот историски центар на овој град е исполнет со шарени светла и божикна иконографија. Оваа трансформација има два центра од кои се шири. Од една страна, плоштадот „Верешмарти“, каде што се наоѓа најголемиот пазар во градот и државата, а од друга страна, плоштадот пред базиликата Свети Стефан, каде што има огромна елка, лизгалиште и голем број на тезги кои придонесуваат за празничниот изглед на градот.

Дрезден, Германија

Може да се каже дека цел Дрезден се претвора во сцена од божикна честитка кога ќе дојде крајот на годината. Ова не е изненадувачки ако се земе предвид дека Штрицелмаркт на плоштадот „Алтмаркт“ постои од 1434 година и оттогаш ја одржува својата автентичност. Неговите главни карактеристики, покрај самата локација, се скалестата пирамида на Ерцгебирге и елката околу која се шират тезги и новогодишни светилки во сите правци.

Се одржува од 23 октомври до 24 декември.

Салцбург, Австрија

Оние што ќе го посетат главниот град на регионот Салкамергут во Австрија за време на Божик, ќе се најдат на место исполнето со радост и еуфорија.

Божикниот базар во Салцбург, град кој се збогатил со продажба на сол, за прв пат бил организиран во XV век во областа околу градската катедрала и прекрасната тврдина Хохенсалцбург. Денес, овој настан е надополнет со широк спектар на сцени и настани како што е концертот „Adventblasen“, каде ансамблот Salzburger Turnblazer ги воодушевува слушателите секој четврток и сабота од 18:30 часот.

Се одржува од 22 ноември до 26 декември.

Париз, Франција

За време на празниците, низ Париз можат да се најдат бројни божикни базари, но најпознатиот и најпопуларниот во цела Франција се наоѓа во Марсовите полиња (Champ de Mars). За време на божикната сезона, повеќе од 100 тезги со ракотворби и традиционална храна го исполнуваат ова место под Ајфеловата кула, во чија близина има и огромно лизгалиште на кое секој што сака целосно да го почувствува празничниот дух може да лизга.

Виена, Австрија

На приближно 150-те богато опремени тезги на Christkindlmarkt на плоштадот „Rathausplatz“, сигурно ќе најдете божикен подарок, украс за елка, слатки и топли пијалаци по ваш вкус. Сепак, тоа не е сѐ, бидејќи во Wiener Rathaus се одржуваат и интересни работилници за деца, а можете да слушате еден од бројните меѓународни хорови како пее Божикни песни. Се одржува од 17 ноември до 26 декември.

Покрај овој пазар, вториот најпознат во Виена се наоѓа во близина на палатата Шенбрун. Она што е особено интересно кај него е што веднаш по завршувањето на божикната сезона, следува новогодишната сезона која трае од 27 декември до 6 јануари.

Рим, Италија

Главниот божикен базар во Рим се одржува во прекрасен амбиент, во близина на античкиот стадион на Домицијан и околу прекрасните фонтани, од кои најпозната е Фонтаната на четирите реки од 1651 година - на плоштадот „Навона“. Базарот е посветен на добрата вештерка Бефана, па не е чудно што покрај украсните предмети и фигурини за украсување на јаслите, играчките и бонбоните, тука може да се најдат и чорапи полни со слатки кои таа наводно им ги подарува на децата на празникот на Св. три кралеви.

Се одржува од 1 декември до 6 јануари.

Копенхаген, Данска

Паркот „Тиволи“, во главниот град на Данска, во текот на декември станува идеално место за семејна посета благодарение на бројните атракции за одмор и уживањето во големите зелени површини. По тој повод тој е преплавен со новогодишни светилки и украси, а самото езеро на кое се наоѓа се претвора во лизгалиште. Како оној во Белфаст, така и овој во Данска е еден од првите во Европа што ги отворил вратите, но за да се прошетате низ неговите штандови треба да платите влезница.

Се одржува од 17 ноември до 31 декември.

Прага, Чешка

Без разлика дали ќе се најдете во него дење или ноќе, Староградскиот плоштад на чешката престолнина ќе ве врати во времето. Затоа Прага е една од омилените дестинации за сите љубители на божикните базари, која се наоѓа во подножјето на Богородичната црква. Овде можете да купите познати чешки јадења, рачно изработен накит, дрвени играчки и кукли или да грицкате слатки, да пиете варено вино или грог.

Се одржува од 1 декември до 6 јануари.

Стокхолм, Шведска

 

Базарот во Стокхолм е повеќе од саем, бидејќи изгледа како музеј на отворено благодарение на околината во која се наоѓа и занаетчиите на тезгите. Тесните улички на стариот град со векови се неми сведоци на божикните базари, каде мирисот на варено вино и традиционалните јадења придонесуваат за чувството на празнична атмосфера.

Се одржува од 24 ноември до 23 декември.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе