Опцијата Stories на Facebook од денеска е достапна за Android и iOS во Ирска, а во следниот период ќе стане достапна и во другите земји. Оваа опција овозможува споделување на фотографии и видеа кои исчезнуваат по 24 часа.
Кога ќе направите Facebook Story на вашата профилна фотографија ќе се појави кругче за вашите пријатели да не ја пропуштат објавата.
„Facebook одамна е местото на кое луѓето споделуваат информации со пријателите и блиските, но начинот на споделување на тие информации значително се менува. Начинот што денеска луѓето го преферираат многу се разликува од она како споделувавме информации пред пет или дури пред две години. Денес тоа е визуелно и подразбира повеќе фотографии и видеа од порано. Сакаме на нашите корисници да им овозможиме брз и забавен начин на споделување на фотографии кога и да посакаат“ - велат од Facebook.
Слична опција неодамна воведе и Instagram - мрежата која е во сопственост на Facebook. Големиот успех на Instagram Stories очигледно ги натера водечките луѓе на Facebook да ја имплемнтираат и во својата мрежа.