ЗИМСКИ ТРАНСФЕР ПЕРИОД 2020

Фелипе заврши во бразилски четвртолигаш

Некогаш најдобар играч во македонската лига, лидер и миленик на Вардар, сега се врати во татковината за да игра во четвртолигаш.

Откако го раскина договорот со Шкендија после неуспешната авантура, Хуан Фелипе е назад во Бразил. Ќе игра за тимот на Бангу, екипа која во новата сезона 2020 ќе игра во Серија Џи, четврта по ранг лига. Последен пат во татковината играше во 2014 година кога тоа лето премина во софиска ЦСКА од каде пак дојде во Вардар. Двапати стана шампион на Македонија, еднаш триумфираше во Суперкупот, а беше дел од златната генерација која играше во групите од Лига Европа и воедно го постигна првиот гол за Вардар во оваа фаза во второто коло на гости кај Розенборг во поразот од 3:1.

Во Бангу го најавуваат како големо засилување, велат дека им дошол „идолот на Македонија“. И Шкендија слично го најави, па разочара. Но, ова е четврта лига, шанса 32-годишниот офанзивец да си ја поврати старата препознатлива форма.

„Убаво е што сум назад во Бразил после толку долго време. Се надевам дека што побрзо ќе се адаптирам и ќе му помогнам на Бангу да ја оствари целта, да се бори за врвот на табелата. Навивачите од мене нека да очекуваат одлучност и волја за победи. Мотивиран сум, среќен и многу самоуверен“, изјави Фелипе.

Бангу не бил секогаш нисколигаш. Порано бил познат клуб, а најпознатите играчи кои настапувале таму се Зозиму и Зизињу. Првиот дефанзивец од генерацијата на Пеле, шампион со Бразил од Мундијалите во 1958 и 1962, додека вториот офанзивец, член на онаа генерација на Бразил која загуби дома во финалето од Мундијалот во 1950 од Уругвај. ФИФА го има прогласено за најдобар играч на тоа првенство.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе