ФИФА објави листа од десетте најубави голови на Светското во Катар. Сега, на ред се навивачите да го одберат најдобриот погодок.
На листата голови се наоѓаат три погодоци постигнати од Бразилци. Од нив, два се на Рикарлисон, еден на Нејмар.
Погодокот на Ензо Фернандес е единствениот што ги претставува Аргентинците на оваа листа.
На листата исто така се Салем ал Давсари, Коди Гакпо, Винсент Абубакар, Луис Чавес, Килјан Мбапе и Паик Сеунг Хо.