Министерот за здравство Венко Филипче им ја честита победата на нашите фудбалери и пласманот на Европското првенство.
Повика и во овие славенички моменти да се почитуваат мерките за заштита од COVID-19.
„Браво момци Македонци! Секоја чест, испишувате историја! Голем ден за заслужено славје, сепак ве замолувам тоа да биде со почитување на мерките за заштита. Возбудата е огромна, но верувам дека ова е само почеток на прославите на успесите на македонската репрезентација“, напиша Филипче на Facebook.