Филипче: Мутацијата на вирусот во Обединетото Кралство нема никаква улога во однос на ефикасноста на вакцината

Многупати до сега во нашите лаборатории во МАНУ има констатирано мали мутации на вирусот. Мутацијата во Обединетото Кралство е практично мутација во повеќе делови на структурата на вирусот, но тоа нема никаква улога во однос на ефикасноста на вакцината, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој појасни дека според одредени шпекулации, мутацијата во повеќе делови во структурата на вирусот,  повеќе ја зголемува трансмисијата на вирусот, бидејќи посилно се врзува за клетката домаќин.

– Многупати до сега беше констатирано во лабораториски услови мутација на вирусот. И кај нас, во нашите анализи кои што ги лабораторијата во МАНУ има констатирано некои мали мутации. Оваа мутација за која објавија медиумите која е откриена во Обединетото Кралство е практично мутација во повеќе делови на структурата на вирусот посебно во делот што се врзува со клетката домаќин, рече Филипче во одговор на прашање.

Сепак, според неговите сознанија, тоа воопшто нема никаква улога во однос на ефикасноста на вакцината.

– Можеби има и дополнителни испитувања кои се прават, тоа што има мутација во повеќе делови во структурата на вирусот, еве има шпекулација дека можеби повеќе ја зголемува трансмисијата, а во смисла на тоа да посилно се врзува за клетката домаќин заради тоа што токму во тој дел е мутацијата, додаде Филипче.

Со цел поголема внимателност, Филипче потсети дека вчера се забранија летовите со Обединетото Кралство. Сепак, посочи дека уште е рано за некаква констатација за тоа дали треба дополнитела форма на вакцина, поради оваа мутација на вирусот.

– Еве и ние бевме внимателни, вчера ги прекинавме летовите со Обединетото Кралство така што мислам дека е рано за некаква констатација во однос на тоа дали треба или не треба дополнителна форма на вакцина и така натаму, засега сметам дека не. Тоа беше пакет на мерки, освен забрана, има и задолжителна изолација од 14 дена на сите кои треба да пристигнат од Обединетото Кралство по кој било пат, на аеродромите или по сувоземен пат. Сите кои доаѓаат и во следниот период, рече министерот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе