Филипче: Нема приватизирање на брзата помош

Не станува збор за приватизирање на брзата помош, тоа е политички спин. Во Законот јасно пишува дека итната медицинска помош може да ја врши само јавно-здравствена установа, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Во изјава за медиумите, Филипче посочи дека покрај јавно здравствената установа, итната медицинска и стоматолошка помош ја прават и приватните установи „Неуромедика“, „Жан Митрев Клиник“, а со транспорт сега започна и „Никоб“.

– Ние само го озаконуваме тоа што фактички на терен се случува. Приватниот транспорт кој сега граѓанинот го повикува, го плаќа од сопствен џеб и така ќе продолжи тоа. Фондот за здравство нема да ги преземе тие обврски, вели министерот.

Тој појасни дека граѓаните нема да имаат никаков трошок што досега го немале.

– Ние сега го ставаме во закон, она што со години наназад на терен се случува. Каде е тука приватизацијата?, вели Филипче.

Министерот за здравство изјави дека по состанокот на Комисијата за здравство во Собранието, тој имал консултација со пратеничките групи на ДУИ, Левица и ВМРО-ДПМНЕ при што им ги објаснил промените. Тој додаде дека се сложиле следниот петок, во Собрание да биде организирана јавна дебата за сите измени на Законот за здравствена заштита.

– Им објаснив на сите пратенички групи дека не станува збор за приватизација и мислам дека разбраа, вели министерот.

Претходно, Законот за здравствена заштита беше блокиран во Собранието, поради поднесените 1.200 амандмани од политичката партија Левица, со што се спречи овој Закон да биде изгласан. 

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе