Филмска едукација: Netflix препорачува содржини за борба против расизмот

Во време кога ширум САД се одржуваат протести против расизмот и полициската бруталност, откако Афроамериканец беше неправедно убиен при апсење, а светот одговара со силна морална поддршка, едукацијата за историските и сегашните настани е многу важна.

Токму оваа порака ја испраќа и Netflix. Популарната стриминг платформа објави колекција филмови, серии и документарци насловена Black Lives Matter (Животите на црнците се важни) преку кои се раскажуваат приказни за искуствата на луѓето со темна боја на кожата.

Некои од најпопуларните содржини во едукативната колекција се „Orange is the new black“, „Dear white people“, „Moonlight“, меѓу другите.

Remote video URL

„Кога ќе речеме Black Lives Matter (Животите на црнците се важни) ние мислиме Black storytelling matters (Важно е да ја раскажеме приказната за црнците, од сите аспекти)“, објавија од Netflix на Twitter.

URL

Оттаму додаваат дека внимателно го направиле изборот на содржини со фокус на расната неправда во САД.

Netflix е една од првите компании во шоубизнисот која јавно и содржајно го поддржа движењето Black Lives Matter. Велат дека имајќи ја предвид популарноста на платформата, чувствуваат должност да бидат гласни во име на сите нивни корисници, вработени и автори со темна боја на кожата.

„Сфаќаме дека ќе треба да помине време додека нашата посветеност на каузата резултира со вистинска, системска промена, затоа почнуваме со ставње акцент на моќните и комлексни наративи за искуствата на црните луѓе“, велат од Netflix.

Remote video URL
Remote video URL
Remote video URL
Тагови
реклама

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе