Финска донесе одлука: Мора да поднесеме барање за влез во НАТО

Б.С.Б.
/ 12.05.2022 / 10:59

Премиерката на Финска, Сана Марин и претседателот на државата Саули Нинисте соопштија дека Финска треба да поднесе барање за придружување кон НАТО.

На заедничка прес-конференција, претседателот и премиерката нагласија дека барањето за членство ќе биде предадено многу брзо.

„Финска без одложување мора да поднесе барање за членство во НАТО“, изјавија Марин и Нинисте.

Ова е прва официјална најава на финските државници и знак дека Финска има намера да аплицира за членство во оваа организација.

„Членството во НАТО би ја зацврстило безбедноста на Финска. Како членка, би го зацврстиле целиот сојуз. Финска итно мора да поднесе барање за членство во НАТО. Се надеваме дека чекорите потребни за носење одлука ќе бидат преземени во следните денови“, стои во заедничката изјава.

Откако Комитетот за надворешни работи донесе одлука за тоа дали на Финска ѝ е неопходно влегување во НАТО, парламентот ќе организира вонредна седница на која ќе се расправа за овој извештај. Доколку парламентот го оцени извештајот за позитивен, Финска ќе го извести НАТО за тоа дека сака влез во организацијата по што ќе пристапи кон процесот.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе