Финска ќе биде првата земја во светот што ќе вакцинира против птичји грип

Финска планира да понуди превентивна вакцина против птичјиот грип на луѓето кои се изложени на работа со животни веќе следната недела и е првата земја во светот што го прави тоа, соопштија вчера здравствените власти.

Финска купи вакцини за 10.000 луѓе, секоја составена од две инјекции, од производителот CSL Seqirus, како дел од заедничката набавка на ЕУ до 40 милиони дози за 15 земји.

Кому ќе му биде понудена вакцината?

Европската комисија потврди дека Финска ќе биде првата земја во светот која ќе започне со вакцинирање на луѓето против птичјиот грип.

„Вакцината ќе биде понудена на сите постари од 18 години кои се изложени на зголемен ризик да заболат од птичји грип поради природата на нивната работа или други околности“, соопшти Финскиот Институт за здравје и благосостојба (THL).

THL наведува дека Финска има голем број фарми за одгледување животни поради нивното крзно, кое може да дојде во контакт со диви животни, а инфекциите со птичји грип се чести кај визон и лисици.

Досега Финска не открила ниту еден случај на човечка инфекција со овој вирус

Видот на птичјиот грип H5N1 уби стотици милиони живина ширум светот во последниве години и се повеќе се шири кај цицачите, вклучително и кравите во САД, а во некои случаи и кај луѓето.

Финска досега не открила ниту еден случај на човечка инфекција со вирусот, но е решена да ја понуди вакцината поради здравствените ризици за луѓето кои работат со животни, додава THL.

Убиени 480.000 животни поради инфекција со птичји грип на отворени фарми за крзно

Минатата година, инфекција со птичји грип избувна во фарми за крзно на отворено во Финска, а властите наредија убивање на околу 480.000 животни, главно визони, за да се спречи ширењето на вирусот на други животни и луѓе.

Доколку се открие присуство на птичји грип кај луѓето, вакцината ќе им биде понудена на сите блиски контакти, додава THL. Птичјиот грип е предизвикан од вирусот на грип од типот А.

реклама

Зошто е важно да пиете кафе ако имате седечка работа?

Read more

Рани знаци на состојба која ја нарекуваат „тивок убиец“

Read more

Реал продава играч кој одигра 31 натпревар во текот на 9 години

Read more

Голем месечен хороскоп за јули 2024

Read more

Свет

Русија соопшти дека соборила 36 дронови испратени од Украина

Read more

Унгарија доаѓа на чело на Советот на ЕУ: Ова се приоритетите

Read more

Протест против масовниот туризам во Малага

Read more

Шефот на екстремната германска десница AfD се фали со нагло зголемен број на членови

Read more
 

Вести

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата

Читај повеќе
  • play_arrow

40 активни пожари горат низ Грција, еден во близина на Атина

Читај повеќе

МОН ќе ја исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Читај повеќе

Русија соопшти дека соборила 36 дронови испратени од Украина

Читај повеќе

Тошковски ќе го унапредува Центарот за обука во модерен центар за полициска обука

Читај повеќе

Унгарија доаѓа на чело на Советот на ЕУ: Ова се приоритетите

Читај повеќе

Протест против масовниот туризам во Малага

Читај повеќе

18-годишна девојка пријавила насилство од вонбрачниот сопруг

Читај повеќе

Сончево и многу топло време, температури до 38°C

Читај повеќе