Финска конфискуваше руски уметнички дела позајмени за изложби во Западна Европа

Финската царинска служба соопшти дека три пратки запленети на границата со Русија содржат уметнички дела од неколку руски музеи, кои биле позајмени за изложби во Западна Европа.

Според руските медиуми, овие уметнички дела биле на пат кон Русија бидејќи биле позајмени за изложби во неколку музеи во Италија, вклучувајќи ги и миланските музеи Палацо Реале и Галерие д'Италиа.

Вкупната вредност на осигурувањето за делата е 42 милиона евра.

Запленувањето на граничниот премин Валима во Југоисточна Финска на 2 и 3 април следуваше откако пратките потпаднаа под санкциите на Европската Унија воведени против Русија поради инвазијата врз Украина, соопшти финската царина.

Финското Министерство за надворешни работи соопшти дека руските уметнички дела, вклучувајќи вредни слики и статуи, се класифицирани како луксузни предмети кои се под санкции на ЕУ против Русија и оти Царината немала друга опција освен привремено да ги заплени.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Теему Сепонен изјави дека руските музеи ќе продолжат да имаат законска сопственост и дека уметничките дела кои се „привремено преземени“ се чуваат на безбедно место во Финска.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе