Формула 1 болид, Tesla, супермотор, ловец F-16... кој е најбрз?
Трките на кои суперспортски автомобили се натпреваруваат со млазни авиони не се ништо ново, но организаторите на оваа трка во Турција го однесоа натпреварувањето на едно сосема ново ниво.
На новиот аеродром во Истанбул, чие отворање е закажано за крајот на октомври, беше приреден вистински спектакл за љубителите на брзи машини.
Силите си ги одмерија воениот млазен авион F-16, супермоторот Kawasaki Ninja H2R, болидот од Формула 1 на тимот Red Bull Racing, Lotus Evora, Aston Martin Vantage и тркачкиот автомобил Tesla Model S Electric GT. Листата на учесници на оваа несекојдневна трка ја заокружи мал приватен млазен авион.
Кој мислите дека победи?