Фудбалска Европа во битка за потписот на македонскиот бисер Елиф Елмас

Летниот трансфер период оваа година ќе биде посебно возбудлив за фановие на македонскиот фудбал, бидејќи неколку наши репрезентативци имаа одлични сезони и го привлекоа вниманието на европската јавност. Од сите нив, најинтересен изгледа случајот на Елиф Елмас, кој со своите 19 години и неограничен потенцијал би можел да биде одлично засилување за некој од клубовите од „кремот“ на светскиот фудбал.

Пред неколку години во тимот на Работнички се појави еден тинејџер кој на теренот изгледаше самоуверено и моќно, иако беше барем десетина години помлад од соиграчите и противниците. Неговиот талент не помина незабележан и набрзо тој предизвика интерес кај неколку европски екипи, по што заврши во еден од неговите омилени клубови, турскиот гигант Фенербахче.

Првата сезона во Турција беше период на трансформација за Елиф. Тој мораше да се навикне да игра на различна позиција од онаа на која беше навикнат во Работнички, играше поназад на теренот и немаше толку контакти со топката како во ПМФЛ, но сепак покажуваше повремени блесоци кои даваа до знаење дека се работи за специјален и уникатен фудбалер – играч кој може да игра на највисокото ниво доколку му биде дадена слобода и биде одгледуван на правилниот начин. Само една сезона подоцна, Елмас е на листата на мети на некои од најголемите тимови од Европа, меѓу кои и финалистот во Лигата на шампионите, лондонскиот Тотенхем.

Втората полусезона беше многу подобра за Елмас и Фенербахче во однос на првата, кога клубот се наоѓаше во резултатска криза, што на крајот резултираше во пропуштање на шансата за настап во европските натпреварувања. Како што Фенер ја качуваше формат, така растеше интересот за Елмас: Лестер, Интер, Наполи, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд и Борусија Менхенгладбах беа постојано вмешани во шпекулациите за негов трансфер, а последен клуб на листата е Тотенхем, кој летово има намера сериозно да се засили откако во целата измината сезона не купи ниту еден играч.

Цената на трансферот на Елмас останува непозната. Неговата вредност на transfermarkt.co.uk изнесува 6,75 милиони евра, но со сигурност трансферот би чинел повеќе од 10 милиони евра доколку Фенербахче реши да го продаде „бисерот“ од средниот ред. А и како не би, кога нема што повеќе да му понуди – Елмас помина две сезони во турската прва лига, а Фенербахче не покажа иницијатива да состави шампионски тим, туку некако едвај се провлекуваше до горниот дел на табелата. И покрај тоа, тој ужива култен статус кај навивачите на тимот, кои уште повеќе го засакаа откако неодамна  заби гол за Фенер против вечниот ривал Галатасарај.

Сега на потег се европските клубови, кои будно ја набљудуваат ситуацијата и го очекуваат почетокот на трансфер периодот за да можат да тргнат по Елиф Елмас. Како најсериозни кандидати за неговиот потпис се споменуваат Наполи и Лестер, но Тотенхем би можел сериозно да им ги помати сметките на овие два клуба. Цената на Елмас отсега натаму само ќе расте, посебно доколку тој ѝ помогне на македонската репрезентација да се пласира на Европското првенство во 2020 година. Иако полни 20 години дури во септември, Елмас веќе има 5 настапи за репрезентацијата и прераснува во неизоставен дел од националниот тим.

Во моментов клучно е да се направи вистинскиот избор. Дали за Елмас ќе бидат пресудни милионите или пак шансата за поголема минутажа во некој клуб со помали амбиции на краток план? Дали тој ќе заврши во некоја од Топ 5 лигите во Европа? Тоа изгледа скоро сигурно. Во секој случај, нашиот репрезентативец покажува знаци на ѕвезда во надоаѓање и летово ќе биде многу зафатен со разгледување на опциите за трансфер во поголем клуб. А ние му посакуваме среќа и многу успех во кариерата во иднина.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе