КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Фудбалски танц среде Ереван

Филип Здравески
/ 11.11.2021 / 20:05

Луда фудбалска претстава на македонската репрезентација во Ерменија. Пукна петарда, домаќинот тотално надигран и на крајот понижен со високи 5:0 и воедно одмазда за поразот од 4:0 пред три години.

Фото: ФФМ

Милевски натпреварот го започна со Столе Димитриевски на голот, во одбраната Езџан Алиоски лево, Висар Муслиу и Дарко Велковски како централни бекови, а на местото на суспендираниот Стефан Ристовски се најде Стефан Ашковски. Во средината Елиф Елмас, Тихомир Костадинов и Енис Барди, додека во нападот по крилните позиции искусниот Александар Трајковски и Дарко Чурлинов, а најистурен младиот Милан Ристовски.

Поради отсуството на капитенот Стефан Ристовски, за прв пат капитенската лента доби чест да ја носи Енис Барди.

Од почеток Македонија ја презеде контролата и иницијативата, не давајќи им на домаќините лесен пристап до голот, иако неколку пати тоа им успеа. Во 3. минута Барди нафрли од корнер, а Ристовски го промаши голот. Во 14. минута Бриаско промаши за Ерменците, шутирајќи над пречката. Кратко потоа мешаница во казнениот простор на гостите, а не се снајде Муслиу и промаши.

Во 22. минута падна првиот гол. Ашковски изведе аут, топката веднаш се врати кај него и успеа да се пробие нанижувајќи неколкумина ерменски фудбалери пред да му сервира на тацна на Трајковски, кој само ја втурна топката во празниот гол.

Поранешниот напаѓач на Вардар, Барсегјан, во 32. минута упати силен удар, но топката само профучи крај левата статива, а голманот Димитриевски заврши токму во дирекот по што мораше да му биде укажана лекарска помош.

Четири минути подоцна и нов шок за домашните. Барди се најде осамен на осумнаесетина метри, Елмас веднаш му додаде, а овој без размислување упати прецизен удар во левиот долен агол и зголеми на 2:0.

Во 41. минута Трајковски беше себичен кога од лево наместо да проигра во петерецот се реши да шутира, а Јурченко го одбрани неговиот удар, па на пауза се замина со истиот резултат.

Во вториот дел иста слика на теренот: Македонија игра и создава шанси, Ерменија се мачи иако направи две измени.

65-тата минута беше во тек кога другиот поранешен играч на Вардар, Ховханес Хамбарѕумјан, го собори Барди во шестнаесетникот и Македонија доби пенал. Барди ја зеде одговорноста и со убав удар го совлада Јурченко за 0:3.

Во 79. минута одлична контра на Македонците. Елмас му сервираше на Ристовски кој погоди за 0:4.

Да биде бламажата на домашната репрезентација конечна стигна нов пенал и тоа по прекршокот на Тертерјан над Алиоски во последната минута. По втор пат Барди застана над белата точка, а овој пат Јурченко за малку не му го одбрани пеналот - 0:5 за Македонија.

Remote video URL

Енис Барди е петтиот фудбалер во историјата на македонската репрезентација кој успеал да постигне хет-трик. Претходно тоа им успеа на Бошко Ѓуровски, Дејви Главевски, Артим Шаќири и Александар Трајковски.

Оваа победа е израмнување на втора највисока, заедно со оние над Малта во 2002 и Лихтенштајн во март годинава од 5:0, а зад онаа недостижна од 11:1 над Лихтенштајн од 1996.

Во нашата група вечерва од 20:45 играат Романија и Исланд, натпревар кој за нас е и тоа како важен бидејќи потребен ни е кикс на Романците за во последното коло, кое се игра в недела, да влеземе како второпласирани. Доколку Романија слави вечерва, тогаш шансите ќе бидат рамни на научна-фантастика бидејќи тие во последното кола играат со слабиот Лихтенштајн, против кој тешко е за верување дека не би победиле.

Моментална табела:

  1. Германија 21
  2. Македонија 15
  3. Романија 13
  4. Ерменија 12
  5. Исланд 8
  6. Лихтенштајн 1
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе