Фудбалските интернационалци викендов повеќе асистираа

Викендов македонските фудбалери кои играат ширум Европа во главно асистираа при погодиците на нивните тимови. Два гола успеа да постигне Николов, а еден Тричковски.

Италија
Горан Пандев влезе во игра во 74-тата минута кога Каљари водеше со 1:0 против неговата Џеноа. Токму нашата легенда учествуваше при израмнувачкиот гол. Одлично го проигра Антонио Санабрија кој потоа додаде до Кристијан Куаме за израмнување во 83-тата минута. Сепак, на Пандев тоа не му се рачуна како асистенција. Во хокеј и играчот кој додава до асистентот добива на статистика, но не и во фудбалот. Како и да е, потоа Џеноа прими два гола и загуби со 3:1.

(на 2:30)

Кипар
Иван Тричковски повторно погоди од белата точка за АЕК, а неговиот тим одигра 2:2 на гости кај Олимпијакос. Во 27-мата минута нашиот Тричко тогап зголеми на 0:2.

(на 0:55)

Словачка
Тихомир Костадинов одигра цел натпревар за Ружомберок, а во 44-тата минута ос слободен удар одлично нафрли во казнениот простор каде Александер Мојжош со глава го постигна победничкиот гол против Дунајска Стреда на гости.

(на 0:55)

Србија
Бобан Георгиев почна на клупата за Радник на гостувањето кај Рад. Влезе во игра во 66-тата минута и само две минути подоцна мајсторски му асистираше на Јевхен Павлов за победничкиот гол. 

(на 4:15)

Турција
Адис Јаховиќ со неговата асистенција со глава до Бразилецот Гиљерме на минута до крајот ја спаси Малатијаспор од пораз пред своите гледачи од славниот Галатасарај.

Унгарија
Бобан Николов имаше одличен ден постигнувајќи два гола во победата од 4:2 на неговиот Фехервар на гости кај Егер во Унгарскиот куп. Во 77-мата минута погоди за 1:3, а во 89-тата ги постави конечните 2:4.

(првиот гол на 4:13, вториот на 5:47)

Унгарија
Мирко Ивановски забележа асистенција и тоа при голот кој на неговиот Диосѓер му донесе победа на гости кај Ерди. Ивановски во 72-рата минута одлично го проигра во празно Флорент Хасани. Ова беше куп натпревар, а Диосѓер продолжува во наредната фаза.

(на 1:50)

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе