Речиси 750.000 деца во светот умираат поради недостид од витамин А. Недостатокот од овој витамин го загрозува општото здравје, го ослабува имунитетот и предивикува слепило.
Научниците од Универзитетот во Квинсленд одгледуваат генетски модифицирани банани благодарение на донација од речиси шест милиони долари од страна на Бил и Мелинда Гејтс.
Новиот вид банани е создаден со гени пронајдени во банани од Папуа Нова Гвинеја кои биле полни со провитаминот А, а научниците создале хибрид кој ќе може масовно да се произведува. Хибридната банана има невообичаена портокалова боја.
Тимот веќе четири пати го достигнал таргетот и успеал да го задржи високото ниво на провитаминот во 5 последователни генерации на хибридната банана.
Овошјето се тестира за сите нутритивни и хемиски состојки и се очекува да биде достапно за користење во Уганда дури за шест години.