Генска мутација која нѐ спасила од чумата - денес причина за други болести

Генот кој некогаш ни помагал да се избориме со чумата и денес влијае на нашето здравје, сепак не на начин на каков што повеќето би очекувале.

Црната смрт се смета за една од најсмртоносните болести, која за време на Среднииот век цела Европа ја завила во црно. Проценките велат дека за период од 7 века поради оваа болест умреле околу 200 милиони луѓе, што научниците ги натера да размислат на тоа дека оваа чума мора во голема мера да влијаела и на човековата еволуција. Поради тоа одлучиле да земат ДНК примероци од заби од 206 починати од јами каде масовно биле погребувани починати жртви на чумата.

Она што ни помогнало да преживееме - сега нѐ убива

Речиси половина од населението во Европа од XIV век починало поради чумата, а нова студија која анализирала ДНК од човечки остатоци од неколку различни локации идентификувала мутации кои на тогашното население му помогнале да ја преживее оваа смртоносна болест. Сепак, истражувачите сега утврдија дека овие мутации на гените се поврзани со појавата на одредени болести кај модерниот човек.

Улогата на гените е да произведат протеини кои ќе му овозможат на имунолошкиот систем да ги препознае и неутрализира непријателите во нашиот организам. Бидејќи доаѓаат во различни верзии, оние најсреќните од родителите наследуваат копии кои успешно ја обавуваат својата функција. Со други зборови, оние кои ја преживеале чумата пренеле корисни мутации на своите потомци и на тој начин ја зголемиле шансата за преживување и за дури 40%.

Откако групата научници предводени од Луис Бареира од Универзитетот во Чикаго извадиле древна ДНК од коски, утврдиле кои гени им помогнале на луѓето и нивните директни потомци да ја преживеат чумата. Потоа за потребите на истражувањето ја искористиле чумската бактерија Yersinia pestis. Резултатот потврдил дека денес мутациите отпорни на чумата се дури почести отколку што биле пред појавата на Црната смрт.

Единствениот проблем претставува фактот што генот ERAP2, кој им помогнал во тоа, е поврзан со појавата на автоимуни заболувања, како што е Кроновата инфламаторна болест на цревата кај современиот човек. Согласно тоа, научниците напоменуваат дека разбирањето на динамиката која со векови го обликувала човековиот имунолошки систем е клучна за разбирањето на нашата склоност кон болестите од модерното време.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе