Герасимовски: Го регулираме хаосот со подземните катови на Водно

Советниците на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, донесоа одлука за одредување на височина на нулта плоча за градби кај терени во пад, определена од страна на пристапната сообраќајница, кон дното на парцелата, како пресек на градежната линија со котата на теренот.

Со оваа одлука за прецизирање на нултата плоча се намалува можноста за злоупотреба при проектирање и изведување подземни нивоа на коси терени, велат од Општина Центар.

Инцијативата, како што се наведува во соопштението, произлегла од утврдување на фактичката состојба со градби на стрмните терени на Водно.

„Мојот предлог произлезе од проблемите со кои се соочуваме на терен и со кои се соочуваат и самите граѓани. Со одлукава сакаме да ги минимизираме злоупотребите кои се можни со законската регулатива и подзаконските акти при градењето на Водно. Ниеден правилник не е совршен, нема црн и бел туку има сива зона во која постојат можности за манипулации. Токму тоа сакаме да го спречиме“, истакна Герасимовски.

Оваа одлука за одредување на височината на приземната плоча за градби на терени во пад важи за новопланираните објекти во градежните парцели за кои не е уредено во општите одредби/услови во деталните урбанистички планови што се спроведуваат во Општината.

Одлуката не се применува во случаи кога веќе има одобрен идеен проект или е започната управна постапка – барање за одобрение за градење, се додава во соопштението на Општина Центар.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе