Германија за влакно ќе избегне рецесија

Германија би требало за влакно да ја избегне рецесијата со скромен раст на активноста во првиот квартал од оваа година, се вели во најновиот извештај на Министерството за економија.

„Се чини дека Германија избегна техничка рецесија, пад на активност два квартали по ред“, соопшти денеска Министерството, истакнувајќи дека извештајот се заснова на податоците достапни до 10 април.

Раст на БДП од 0,1 отсто

Најновите показатели сигнализираат благ пораст на БДП во првиот квартал, што го потврдуваат пролетните прогнози на владиниот совет на експерти и оние на водечките економски институти, забележува Министерството. Во нивните заеднички економски прогнози, институтите предвидуваат раст на БДП во првиот квартал од 0,1 отсто, по намалувањето од 0,4 отсто во последните три месеци од 2022 година.

Индустриското производство забележително забрза во првите три месеци од годинава благодарение на континуираното нормализирање на состојбите во синџирите на набавки и снабдувањето со суровини и умереното закрепнување во светот, се наведува во извештајот.

Градежниот сектор, од друга страна, има корист од благата зима, се додава.

„Поволен почеток на годината“

Од Министерството за економија зборуваат за „поволен почеток“ на годината. Благата зима и високиот степен на исполнетост на складиштата за гас обезбедија доволно снабдување во Германија и во Европа, што се манифестираше со забележителен пад на цените на енергенсите, соопшти Министерството.

„Се очекува потрошувачкото расположение дополнително да се опорави во наредните месеци, иако ослабената куповна моќ поврзана со инфлацијата продолжува да тежи врз економијата“, се вели во извештајот.

Стапката на инфлација ќе остане висока, но според нивните проценки таа треба да се намали во наредните месеци. Во 2023 година сега очекуваат инфлацијата да се движи од 5,4 до 6,6 проценти, а следната година значително да се забави, со прогнозиран опсег од 2,1 до 3,5 проценти.

Неизвесност поради војната

Меѓу ризиците за економските прогнози, министерството ги издвојува слабата лична потрошувачка, влошувањето на условите во градежништвото, проблемите во финансиските институции и геополитичката неизвесност поради војната во Украина.

Тековните прогнози предвидуваат благ пораст на бруто домашниот производ (БДП) во текот на 2023 година, соопшти Министерството, потсетувајќи дека водечките економски институти очекуваат раст на активноста за 0,3 отсто.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) оваа недела прогнозираше дека германскиот БДП оваа година треба да се намали за 0,1 отсто. Тие ја намалија и прогнозата за глобалниот економски раст на 2,8 отсто, додавајќи дека забавувањето на активноста треба да се „концентрира“ во развиените земји.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Свет

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Read more

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Read more

Како иранскиот претседател го доби прекарот Касапот од Техеран?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more
 

Вести

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе