Google нуди ново решение за користење на неговата е-пошта во услови кога немате пристап до интернет. Отсега, корисниците на овој мејл сервис ќе можат да читаат и одговараат на пораки и кога не се онлајн.
Мејловите креирани додека сте офлајн ќе бидат испорачани откако ќе се поврзете на интернет, пишува Ubergizmo.
Корисниците кои ќе сакаат да ја користат офлајн опцијата (offline mode) за Gmail ќе треба прво да инсталираат Google Chrome 61 или понова верзија на прелистувачот.
Треба да отидете во Нагодувања (Settings) и да одберете колку долго сакате да ви траат пораките во offline mode. Ако имате пораки постари од нагодениот датум, нема да имате пристап до нив.
Повеќе детали за новата опција на Gmail, што е дел од новиот дизајн на сервисот, може да најдете на страницата за поддршка на Google.