Ѓоковиќ откажа тренинг – има ли причина за тревога?

Ден пред почетокот на првиот Грен слем во сезоната на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ пропушти тренинг.

Ѓоковиќ пред неколку дена, на спаринг со Медведев, по половина час престана да тренира поради тетивата што го мачеше во Аделаида претходната недела, а сега го пропушти тренингот закажан за 12:15 часот по локално време.

Сепак, ова не мора да значи нешто лошо. Можно е Ѓоковиќ поради променливото време да одлучил да тренира во затворен простор, но дефинитивно постои загриженост кај неговите навивачи поради проблемот со задната ложа.

„Малку се мачев со тоа, да бидам искрен, во последните седум дена, но се надевам дека тоа не е преголема причина за загриженост. Досега можам да тренирам и да се натпреварувам, да тренирам. Тоа е позитивен знак. Малку сум повнимателен, не одам со полна сила на тренинзите, штедам енергија за следната недела. Се надевам дека тогаш нема да ми биде проблем“, рече Ѓоковиќ на прес-конференција во петокот.

Српскиот тенисер е деветкратен победник на Грен слем турнирот во Мелбурн, а првиот меч на овогодинешниот турнир ќе го одигра во вторник околу 11 часот по средноевропско време против Шпанецот Роберто Карбаљес Баена.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе