Ѓоковиќ: Тренер? Да, знаењето нема да го носам во гроб

Новак Ѓоковиќ по триумфот на Мастерсот во Париз ќе игра на АТП финалето во Торино.

По победата во мечот со светскиот број 2, Данил Медведев, Новак рече дека има малку време да прослави бидејќи го чекаат нови обврски.

На прашањето како ќе ја прослави 37. мастерс титула рече дека ќе го направи тоа на скромен, вообичаен начин.

„Во прегратките на најмилите. Тука се моите жена и деца, имаме вкусна торта и ќе се заблажиме слушајќи убава музика, така што ќе прославиме пред да отпатуваме на друго место. Тенисот е таков спорт, мора за кратко време да се фокусираш на следниот предизвик, а следниот предизвик е за само неколку дена. Нема премногу време за анализа на историските успеси и за прослава. Тоа им го препуштам на другите. Секако дека сум свесен за успехот, но нема премногу да се опуштам, вели Ѓоковиќ.

URL

На прашањето дали еден ден може да се замисли како тренер, на пример на Данил Медведев, кога Русинот ќе има повеќе од 30 години, Новак одговори:

„Ако бидам негов тренер, нема да имам многу работа. Се шегувам, тој е еден од најдобрите тенисери во светот во овој момент, а ако го послужи здравјето ќе биде на врвот со години и ќе освои уште грен слемови“, рече Новак.

URL

„Да, се гледам себеси како тренер, го сакам овој спорт. Не го сакам само кога победувам, го сакам и кога сум со своите деца на терен, кога го гледам на телевизија, кога се обидувам да го пренесам своето искуство и знаење на новите генерации во Тенискиот центар Новак на кој сум многу посветен. Се трудам да го пренесам сето она што сум го научил на новите генерации. Знаењето може да биде клетва ако не се употребува. Нема да го носам знаењето во гроб и да кажам 'бев најдобар', а никој после мене да ги нема информациите од мојот живот, филозофијата, методологијата на работа и пристапот. Би сакал да можам да се развијам и како тренер“, заклучи најдобриот тенисер во светот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе