Голден Стејт на чекор до победа во НБА финалето

Портланд, 19 мај 2019 (МИА) – Шампионот во НБА, Голден Стејт е само на чекор од освојување на титулата во Западната конференција за петта година по ред.

„Воините“ поведоа со 3:0 во серијата против Портланд Трејлблејзерс откако постигнаа успех со 110:99 како гостин.

Кошаркарите од Оукленд заостануваа со 18 поени непосредно пред одморот, но предводени од Стеф Кари, кој заврши со 36 поени, успеаја да направат пресврт во второто полувреме, за да се доближат максимално до место во спорот за титулата.
Покрај тоа, статистиката е целосно во нивна корист, бидејќи досега во историјата на НБА никогаш тим, кој заостанувал со 0:3, не успеал да ја освои серијата.

Третиот дел, кој го освои Голден Стејт со 29:13, беше пресвртница за исходот на мечот.

Дрејмонд Грин, кој постигна „трипл-дабл“ од 20 поени, 13 скокови и 12 асистенции, забележа многу силен меч за победниците. Клеј Томпсон додаде 19 поени за успехот, а гостите беа поддржани од силната игра на нивните резерви, кои придонесоа со вкупно 33 поени.

Единствениот проблем пред тренерот се покажа повредата на Андре Игудала, кој го напушти теренот во третата четвртина со повреда на ногата. Засега, сепак, не е јасно колку е сериозна повредата.

За Портланд, Си Џеј МекКалум постигна 23 поени. Лидерот на домаќините, Демијан Лилард остана на 19 поени, а со 16 заврши центарот Маерс Леонард.

По натпреварот од штабот на Портланд објавија дека Лилард играл со скршени ребра откако добил повреда во вториот натпревар од серијата.

Четвртиот меч е повторно во Портланд, во ноќта меѓу понеделник и вторник.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе