УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

Голеада во Талин, Македонија одигра 3:3 со Естонија

Филип Здравески
/ 11.10.2020 / 20:03

Македонските фудбалери поведоа со смешен автогол на домаќините, а потоа примија три гола по што во самиот крај спасија бод, а промашија и удар од белата точка.

Селекторот Игор Ангеловски се реши да направи неколку рокади со право одморајќи неколкумина од напорниот бараж со Косово во четвртокот. Единствената промена на која беше приморан е тоа што на голот застана Дајман Шишковски. ФФМ денеска објави дека на тестирањата направени утринава еден фудбалер добил тест со „претпоставка позитивен“ и бил ставен во изолација, а по објавувањето на официјалниот состав стана јасно дека се работи за голманот Столе Димитриевски кој не беше ниту на клупата. Тој уште минатиот месец прележа COVID-19 па сега веројатно му бил направен ПЦР на кој се откриле траги од вирусот. Димитриевски потоа направи нов тест кој се покажа негативен, но веќе беше касно за да се стави на располагање на тимот.

Езџан Алиоски беше прекомандуван на левата бековска позиција во одбраната заедно со Кире Ристевски и Ѓоко Зајков како централни и Стефан Ристовски десно. Во средниот ред Ангеловски почна со Стефан Спировски и Бобан Николов, Александар Трајковски и Тихомир Костадинов како крила, Ферхан Хасани како треквартиска, додека осамен во нападот Иван Тричковски кој ја доби и честа да биде капитен. За него денешниот натпревар е број 58, исто како и за Трајковски.

На клупата останаа Горан Пандев, Дарко Велковски, Енис Барди, Влатко Стојановски, Крсте Велкоски, Илија Несторовски и резервниот голман Даниел Божиновски кој е единствениот без настап досега.

Македонија поведе уште во 3. минута и тоа по вина на домашните фудбалери. Топката беше кај Естонците кои не можеа да ја изнесат па комбинираа позади, а македонскиот пресинг го натера дефанзивецот Мертен Куск од памет да ја додаде топката до голманот Карл Хеин без да воопшто да погледне каде тој се наоѓа. Хеин не беше на голот и не успеа да ја стигне топката за ефектен автогол.

Потоа Естонците подобро проигруваа, додека резервниот состав на Македонија покажа дека не е воигран. Неколку шанси на Естонија и израмнувањето дојде во 33. минута кога Артур Пик одлично му сервираше на Рауно Сапинен кој пак мајсторски ја сврте топката во мрежата на Шишковски.

Во 61. минута Сапинен по вторпат ја затресе македоската мрежа откако Алиоски заборави дека треба да постави офсајд стапица, а естонскиот напаѓач налета на една одбранета топка од Шишковски.

Само шест минути подоцна Македонија имаше голема шанса за израмнување откако Никита Баранов играше со рака, а шведскиот судија досуди пенал. Одговорноста ја зема Трајковски чиј удар заврши во пречката. Пандев веќе беше влезен во игра, па нејасно е зошто пеналот не го шутираше нашиот најдобар фудбалер.

Потоа натпреварот тргна надолу за Македонија бидејќи наместо 2:2, резултатот стана 3:1 за Естонија која во 76. минута доби пенал откако по слободниот удар на Матијас Кеит со рака во живиот ѕид играше Спировски. Франк Ливак успешно го реализираше ударот од белата точка.

Македонските фудбалери во последните петнаесетина минути сериозно ја сфатија задачата и можниот срам во Талин. Во 80. минута Пандев беше заборавен во домашниот шестнаесетник, и проигран од Ристовски намали на 3:2.

На две минути до крајот дефанзивецот Зајков налета на одбиена топка по еден корнер, упати удар кој го погоди Спировски, го смени правецот и заврши зад грбот на Хеин за 3:3.

Со овој нерешен резултат Македонија сега има 5 бодови и останува на делба на првата позиција во групата заедно со Грузија која одигра 2:2 на гостувањето кај Ерменија (на неутрален терен). Токму Грузија е нашиот следен противник, во среда од 20:45 на „Тоше Проески“ во Скопје.

Фото: Игор Паневски / ФФМ

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе