Голема промена на почетната страница на Google

Неколку корисници забележале дека нешто се променило на почетната страница на Google.

Кога беше лансиран најпопуларниот интернет пребарувач во светот -  Google - тој се разликуваше од конкуренцијата пред сѐ по начинот на кој пребаруваше на интернет, но и по изгледот на почетната страница.

Во тоа време, популарните пребарувачи како Yahoo, MSN или Altavistа имаа почетни страници натрупани со содржини, а Google се истакнуваше со едноставен, чист дизајн, само со лого и поле за пребарување - и остана така до ден-денес, со неколку „козметички“ интервенции.

Но, деновиве, некои корисници забележаа дека дополнителни јазичиња се појавуваат на дното на екранот на нивната работна површина, на почетната страница на Google.com.

Google очигледно ја тестира промената на најпосетуваната веб-страница во светот, и тоа најголемата промена досега.

Во овој ограничен тест, шест помали прозорци се појавија на дното на екранот, врз основа на преференциите на корисникот, локацијата и слично.

Корисниците кои го видоа овој експеримент, како што објави 9to5Google, ги имаа следните јазичиња пред себе:

Временска прогноза за моменталната локација

Тренд теми, моментално најпопуларни на пребарувачот

Предлози за гледање серии и филмови

Состојба на берзата

Предлози за претстојни настани во ваша близина

Преглед на најновите вести за COVID-19

Оваа содржина може да се скрие со кликнување на малиот прекинувач во долниот десен агол на екранот.

Со кликнување на кое било од јазичињата се отвора страница со повеќе детали за темата што го интересира корисникот.

Како што стојат работите во моментов, ова е тест со ограничен опсег и не е познато дали воведувањето на овој додаток се разгледува глобално и за сите корисници.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе