Golf „двојка“ што беснее како Ferrari и Lamborghini
Иако престана да се произведува пред четврт век, легендарниот Golf 2 уште често се гледа на патиштата и улиците. Сепак, ваков примерок сигурно нема да најдете на улица, ниту по огласи за половни возила.
Втората генерација на Volkswagen Golf има фанови ширум светот, особено во Германија, каде овој модел беше преработен во ѕвер што може да се носи рамо до рамо со суперспортски автомобили на трки.
Во описот на видеото се наведува дека оваа „двојка“ со три врати има дури 1.300 коњски сили и погон на сите четири тркала, а достигнува максимална брзина од 332 км/ч.