За многу љубители на автомобилите, особено на брендот Golf, последната изведба на „седумката“ е нешто свето, дури и кога станува збор за R изведбата.
Така наречениот Golf 7.5 е до детали дотеран автомобил кој сигурно би се снашол добро на пазарот денес, а според некои е подобар дури и од „осумката“.
Фактите, сепак, покажуваат дека новиот Golf е на многу начини технолошки понапреден, па дури и подобар.
Кога станува збор за R изведбата, едно е исто. Тоа е погонскиот мотор. 2.0 TSI остана и сега испорачува 320 КС и 420 Nm. Скокот од 20 КС и 20 Nm се случи со новиот модел, но и растот на масата, па трката за забрзување може да биде неизвесна. Стариот Golf тежи 1.483 кг, додека новиот достигна тежина од 1.551 кг.
Двете изведби беа тестирани од Carwow, па погледнете кои се резултатите: