1.МФЛ 2020/21

Голот на векот падна и во Битола

Филип Здравески
/ 19.05.2021 / 16:00

Во стилот на големиот Диего Марадона играчот на Пелистер претрча половина терен минувајќи ги сите кои му се најдоа на патот за на крајот да ја затресе противничакта мрежа.

Кој вели дека во македонската фудбалска лига нема убави голови?

Дека тоа не е вистина посведочи натпреварот во неделата во Битола каде се сретнаа Пелистер и Беласица. Домашното крило, Сенегалецот Умар Гудиаби, постигна неверојатен гол, ремек дело кое ретко кому му се остварило.

Во 76. минута од натпреварот, при водство на неговиот тим од 1:0, Гудиаби тргна од својата половина крај левата аут линија, мина пет противнички фудбалери, влезе во петерецот и таму го совлада и струмичкиот голман поставувајќи ги конечните 2:0.

Remote video URL

Губиаби е всушност играч на скопски Шкупи кој како позајмен сезонава настапуваше за битолската гордост и по завршувањето на сезоната треба да се врати во редовите на чаирчани. Пролетниов дел, колку што беше во Пелистер, одигра 14 натпревари, постигна 4 гола и 5 пати асистираше.

Голот „Под Тумбе Кафе“ страшно наликува на два познати гола. Првиот, оној на Дуего Армандо Марадона од Светското првенство 1986 година кога со неверојатен слалом ја растури англиската одбрана постигнувајќи го, веројатно, најпознатиот гол во историјата на фудбалот, гол кој стана познат како „Гол на векот“.

Друг ваков индентичен гол исто така падна на еден Мундијал, овој во 1994 година во САД. Тогаш анонимниот играч на Саудиска Арабија, Саид Ал-Оуајран, во 5. минута ја прошета целата белгиска екипа пред да го совлада легендарниот Мишел Пруд'ом, гол со кој Саудијците ја победија Белгија за големо изненадување.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе