Google денеска полни 23 години, а роденденот го одбележа со приказ на роденденска торта со свеќички на првата страница на пребарувачот.
Формирањето на компанијата започна во 1997 година, а официјално е основана на 27 септември 1998 година. Соосновачот Сергеј Брин, кој во 1997 година беше на постдипломски студии на Стенфорд, се сретна со другиот основач Лари Пејџ, кој во тоа време размислуваше дали да се запише на овој универзитет.
До следната година веќе заедно работеа на проектот и развија прототип на интернет пребарувач кој денес функционира во тоа што го знаеме.
„Секоја година имаме милијарда пребарувања на Google на повеќе од 150 јазици низ светот“, објавено е на блогот на Гугл по повод 23 роденден.