Google го лансираше новиот Chrome 74 со вграден темен режим

Google денеска и официјално го претстави новиот прелистувач Chrome 74 за оперативните системи Windows, Mac и Linux. Еден од најочекуваните новитети кај Chrome 74 е темниот режим на работа, кој корисниците го бараа уште од минатата година.

Истиот темен режим минатиот месец пристигна заедно со Chrome 73, но само за корисниците на оперативниот систем MacOS.

Новиот Chrome отсега автоматски ќе се поврзува со темниот режим на Windows 10. Крајниот резултат, односно интерфејсот на темниот режим изгледа многу слично како оној на режимот Incognito. И покрај тоа што Google го претстави темниот режим, тој сепак нема веднаш да им биде достапен на сите корисници.

„Можеме да потврдиме дека овој новитет во моментот може да се најде само кај одреден број корисници, но во блиска иднина тој ќе им биде достапен на сите кои ќе го инсталираат Chrome 74“, појаснија од Google.

Ако не сакате да чекате самиот да се активира, можете да направите нешто за да го добиете темниот режим на важиот прелистувач. На крајот од целната локација во полето за пребарување допишете „force-dark-mode“ (секако, без наводниците).

Google Chrome 74 е достапен за преземање од официјалната веб-страница на Google или преку опцијата About на самиот прелистувач.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе